|
||||
ВМРО-ДПМНЕ останува со народот кој што јасно порача НЕ на капитулацијата! |
Ниту криминалот создава правна држава ниту капитулацијата е европска вредностДенес по 125 години македонска борба за самобитност, слобода и право на самоопределување, Македонците во Република Македонија се соочуваат со истите историски предизвици. И денес борбата извира од љубовта кон Македонија и таа е основата која поврзува сите овие години, не правејќи разлика по ниеден друг основ. И денес трае македонската борба за самоопределување и самоидентификација. И денес оние кои покажуваат љубов кон Македонија, кон татковината, кон традицијата, кон македонскиот идентитет се жртви на геноциден режим кој затвора и цензурира интелектуалци, политички неистомисленици, уметници, патриоти. Денес македонската борба е соочена со предизвик од капитулантска инсталација на власт креирана од домашни квазиполитичари и мафијашки структури предводени од Зоран Заев. Денес марионетската капитулантска инсталација на власт знае дека продажбата на светото име Македонија, македонската посебност и идентитет, нема да ги спасат. Ниту криминалот создава правна држава ниту капитулацијата е европска вредност. Денес оваа марионетска капитулантска мафијашка тројка е на патот кон буништето на историјата. Денес ВМРО-ДПМНЕ чекори по патот долг 125 години, без багажот на предавствата на идеалите. ВМРО извира од народот и од Македонија. ВМРО-ДПМНЕ останува со народот кој што јасно порача НЕ на капитулацијата! ВМРО-ДПМНЕ |