Вторник, 23 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
В.М.Р.О постоело и кога не постоела Македонија затоа што оваа организација е пред сѐ народот

alt

В.М.Р.О постоело и кога не постоела Македонија затоа што оваа организација е пред сѐ народот

Ова наше македонско “верују” беше официјализирано пред точно 125 години на 23 октомври во Солун во куќата на Христо Батанџиев преку формирањето на Македонската револуционерна организација која е најсилното движење на Македонците за ослободување и најсветлиот чувар на огнот за македонска држава, во која свој белег дадоа генерции и генерации храбри луѓе и кои со своето делување помогнаа за она што го имаме денес – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обраќајќи се пред присутните во МНТ каде денеска се одбележува 23 октомври. Денот на револуционерната борба.

alt

Тој додаде:

И оние кои денес сакаат на сила да не оквалификуваат нас, кои како партија сме наследници на тоа движење, за антизападно ориентирани, ќе ги упатам нека погледнат најдобро во корените и во нашата историја. Организацијата во својата суштина е формирана со цврста верба кон западно ориентирните сили и вредности, и додека во регионот имале такви кои барале царства, монархии, ВМРО барала република, напишала статут и Устав по моделот на САД, затоа што оваа организација била формирана од напредни припадници на македонската граѓанско движење. Од докторот Христо Татарчев, кој се школувал во Берлин и Цирих, од книжевникот и трговец Иван Хаџи Николов, кој се школувал во Австрија, од учителот Христо Батанџиев, од публицистот Петар Поп Арсов, Дамјан Груев кој се школувал во Солун Белград и Софија“ и Андон Димитров, кој се школувал право и правни науки во Цариград и во Лиеж Белгија.

alt

Токму овие луѓе го започнале најмаркантиот дел од македонската историја низ која минале огромен број личности сите со своја улога, големина и значење, со многу подеми и падови, ВМРО низ кои се изродиле водачи и оставиле трага, луѓе како Гоце Делчев, Карев, Сандански, Пере Тошев, Чакаларов, Ѓорче Петров, Александров, и многу други.
ВМРО е секој македонец и тоа не е екслузивно право на одредени луѓе, тоа му припаѓа простум на секој родољуб кој ја сака и почитува својата земја, бидејќи В.М.Р.О постоело и кога не постоела Македонија затоа што оваа организација е пред се народот.

Republika.mk

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.