Среда, 24 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
ММДЧП ги осудува бруталните Западни тактики насочени кон менување на името на Македонија

MKC

ММДЧП ги осудува бруталните Западни тактики насочени кон менување на името на Македонија, бара одбрана на Македонија од страна на македонските политичари

Во уште едно нелегално заседание на македонското Собрание, овој пат на 19-ти октомври, 2018 година, пратениците од опозицијата, со особен фокус на жените, беа задржани во Собранието од страна на владата на Зоран Заев, инсталирана од страна на САД, при што беа уценувани, поткупувани и заплашувани со затворски казни - вклучително и за нивните семејства - се' додека не се согласија да ги следат наредбите да го сменат името на Македонија, нејзиниот идентитет, историја, и идентитетот на милиони Македонци низ целиот свет.

Ова предавничко и нелегално гласање го трасира патот за две понатамошни гласања за промена на македонскиот Устав и име, и понатамошни големи прекршувања на правото на Република Македонија на суверенитет и основно само-определување. Оваа брутална политика и' е наметната на Македонија од страна на САД и ЕУ со цел да и' се удоволи на Грција, која пак ветува дека ќе се откаже од своето право на вето за да дозволи отпочнување на преговори за потенцијално членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Наместо да се приморува Македонија да исполнува невозможни услови и да придонесува кон сопственото национално самоубиство и геноцид, Западот можеше да го укине правото на вето на една земја во НАТО и ЕУ, или едноставно да и' наложи на Грција да не го користи своето право на вето. Но, Западот избра да ја нападне земјата со политичари кои докажаа дека не се способни да се бранат себеси.

Кулминацијата на овие брутални тактики (за сега, иако може да се очекува и повеќе) се случи на 19 октомври, кога американскот амбасадор Џес Бејли не само што беше присутен, туку и даваше наредби за заплашување на македонските пратеници. Американското странско мешање во внатрешната политика на Македонија повторно безочно се спроведуваше.

Откако САД ја поставија нелегитимната македонска влада, Заев и Амбасадата на САД во Македонија им наредија на полициските сили за специјални намени да ги напаѓаат Македонците кои се спротивставуваат на промената на нивното име и идентитет, лажираа избори, затвараа опозициски настроени Македонци, го прекршуваа македонскиот Устав и Собраниски правила, го прекршија законот, отпуштаа луѓе од работни места во јавниот и приватниот сектор, затвораа медиски куќи и го блокираа пристапот до социјални медиуми на сите кои се осмелија да им се спротистават.

Цело ова време, Западот е или соучесник, или молчи.

Четириесет Македонци се притворени минатата година заради предводење на одбраната на меѓународното прави, човековите права и правото на себе-определување. Нивното кривично дело? Тоа што се спротиставија на каква било промена на името на Македонија, нејзиниот идентитет и историја. Бејли и Заев им понудија амнестија (за непостоечни кривични дела) во замена на најпредавничкото дело во македонската историја - глас за промена на името на Македонија за да и' се удоволи на Грција. (Ова и само по себе е кривично дело, зашто е спротивно на Член 308 од Кривичниот Законик - „ставање на Република Макдонија во подредена или зависна положба во однос на некоја друга земја, се казнува со затворска казна од најмалку пет години“).

Понатаму, женските пратенички беа подложени на физички закани додека не ги прифатија наредбите на Заев, а на преостанатите им се закануваа со затворски казни за нивните семејства под измислени обвиненија за кои би се одлучилно накнадно. Покрај ова, македонското судство е поткупено со пари на САД и ЕУ и секое обвинение досега поднесено против режимот на Заев е отфрлено.

Сега официјалните претставници на САД и ЕУ веќе не го кријат своето мешање во внатрешните работи на Македонија. Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, Генералниот Секретар на НАТО, Џенс Столтенберг, Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, Секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, и најпосле, Помошник-секретарот за надворешни работи на САД, Вес Мичел, ја посетија Македонија за да пренесат прво прикриени, а сега отворени закани. Главната порака е „сменете го името - или тешко вам.“

По отвореното кршење на човековите права и демократијата на 19 октомври, Јоханес Хан дури и се дрзна да напише на Твитер:
„Голем ден за демократијата во Скопје! Им честитам на сите оние кои решија да чекорат по европскиот пат. Очекувам дека правото на слободен избор на сите пратеници целосно ќе се почитува, а особено на оние кои гласаа различно од својата партија вечерва. Ни треба државништвно, а не партиски игри.“

Тој одби да го спомне името на Република Македонија. Конкретно зборуваше за „право на слободен избор“, што е отворена лага и делува сомнително како да го кажува некој што си ја има мувата на капата. Ова е очигледно признание дека „изборот“ беше се', само не „слободен“.

Пред овој најнов предавнички чин, Заев ветуваше референдум за името на Македонија, за да се почитува „волјата на народот“, но како се наближување датумот на референдумот, тој самоволно одлучи дека референдумот не е обврзувачки, зашто виде дека ќе претрпи огромен пораз. Тоа и се случи. 80% од населението го бојкотираше референдумот (20% кои гласаа беа речиси исклучиво Албанци), а Македонците се обединија во одбрана на своето име и идентитет. Па сепак, Заев и ЕУ необјасниво го толкуваа ова како „победа“ (видете ММДЧП им честита на Македонците за тоа што одлучно го отфрлија референдумот чија цел беше да ги смени нивното име и идентитет) и продолжија со притисоците, отворено спротиставувајќи се на наводно скапоцената „волја на народот“. Ова е тактика која постојано се осудува од страна на САД и ЕУ, освен кога тие самите ја спроведуваат.

САД и ЕУ не се плашат од последици зашто истите не постојат. Сепак, за секој случај, тие се' уште тврдат дека „мешањето на Русија ја дестабилизира Македонија“. Американската надворешна политика се базира на премисата дека „нападот е најдобра одбрана“. Со други зборови, најдобро е да обвините други за вашите непристојни тактики додека ги спроведувате истите, а секоја е побезобразна од претходните.

Македонските политичари се замрзнати. Западните големи сили ја злоупотребуваат нивната неспособност. Тврдат дека не знаат како да го запрат Заев зашто тој има поддршка од Западот. Погледнете ги Уставот на Македонија, Кривичниот законик и Собраниските и Претседателските правила и процедури. Постои мноштво опции да се спречи уништувањето на демократијата, човековите права, владеењето на правото и волјата на народот. Употребете ги. Ако не знаете како или ви е страв, сте избрале погрешна професија. Вашиот избор на кариера води до уништување на МАкедонија - за која се бореле СИТЕ наши предци.

За разлика од македонските политичари, Македонците веќе се на нозе и бараат нашите човекови права и правото на само-определување да се брани одлучно.

За Западот - или ќе ги браните принципите кои тврдите дека ги почитувате, или ќе бидете соучесници во уништувањето на цела една етничка група. Нашето име е Македонија. Кој ви даде право да го менувате?

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.