|
||||
ВМРО ДПМНЕ досега имаше три покрупни прочистувања во своите редови |
Никола Србов ВМРО ДПМНЕ досега имаше три покрупни прочистувања во своите редови. Причините за трите прочистувања се различни но сите имаат едно нешто заедничко – партијата од сите нив излегуваше помоќна, помасовна, обединета и набргу потоа се враќаше на власт. - Првиот поголем потрес беше во 1997 година по што во 1998 година ВМРО ДПМНЕ застана на чело на државата. - Вториот потрес беше во 2004 година по кој во 2006 година ВМРО ДПМНЕ формираше влада. - Последниов, трет потрес, нема да биде исклучок бидејќи ние учиме од минатото во корист на иднината. Бројни се моментите во историјата на ВМРО со потреси кои резултирале со прочистување на редовите на Организацијата. Токму ваквите моменти во самата Организација довеле до одржување на македонското прашање во живот, а одржувањето на македонското прашање како отворено го спаси нашиот народ од асимилација. Затоа овие моменти се многу големи и значајни. |