|
||||
Ако со сила се обиде да се создаде „голема Албанија“, тогаш Балканот повторно ќе гори |
Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин истакна во пекинг дека, откако НАТО без одлука на Советот за безбедност на ОН ја бомбардираше Србија, меѓународното право умрело. „И сега постојат притисоци Косово да се прими во Интерпол или УНЕСКО. Како Интерпол ќе може да си го сочува угледот ако податоците за нарко-дилерите ќе споделува со Приштина, од каде што доаѓаат најмоќните нарко-кланови“, кажа Вулин во Пекинг. „Сите вие што го признавте Косово, како последица на присила, размислете уште еднаш, бидејќи сѐ што ѝ беше направено на мојата земја може да ви биде направено и на вас. Кога силата ќе стане закон, никогаш нема да знаете кога ќе се примени врз вас“, кажа српскиот министер за одбрана. Тој истакна и дека Србија денес се соочува со посебен предизвик, кој според него е најголемата безбедносна закана на Балканот, а тоа е „голема Албанија“. „За да биде создадена, таа мора да ги распарчи Србија, Црна Гора, Македонија па и Грција. Оние кои мислеа дека исламскиот тероризам може да се засити со српскиот народ, на пат се да ја повторат грешката. Ако во дијалогот што во име на Србија со Приштина го води претседателот (Александар) Вучиќ, не се постигне решение прифатливо за двете страни, и ако со сила се обиде да се создаде „голема Албанија“, тогаш Балканот повторно ќе гори. А тој пожар нема да гори само на Балканот“, смета Вулин. |