|
||||
Западни вредности не се криминални тендери и грантови доделени на партиски функционери на СДСМ |
Македонија е во заложништво на кланот Заеви и нивните бизнис интересиСоопштение до јавноста - реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изјавата на Наум Стоилковски Македонската држава е во заложништво на криминалниот картел на власта. Македонија е во заложништво на кланот Заеви и нивните бизнис интереси. СДСМ нема право да говори за европски вредности додека со неа раководи аболицираниот Заев, истиот оној кој што цела Македонија го виде како бара мито од 200 илјади евра од струмички бизнисмен. Судство кое го штити криминалот наместо да го казнува истиот, не е одлика на правна држава. СДСМ нема право да говори за евроинтеграции на Македонија кога тие самите ја укинаа правната држава и загрозија европската иднина на државата. Одродената и криминална власта на чело со аболицираниот Зоран Заев нема право да говори за западни вредности. Западни вредности не се криминални тендери и грантови доделени на партиски и државни функционери на СДСМ, европски вредност не е исплата на партиски послушници со народни пари. Свитканата кичма не е одлика на европски политичар, ниту пак маскимата „евро за Вицето“. Мафијашките методи на притисоци, уцени, закани нема да ја продолжат политичката кариера на Заев, неговата кариера нема да ја продолжи ниту распродажбата на националните и државните интереси. Заев не го слуша и не го почитува гласот на граѓаните, но затоа на некој следни избори тој глас ќе биде уште посилен и истиот ќе ги испрати сите овие транзициони политичари во политичка пензија. ВМРО-ДПМНЕ |