|
||||
Мајк Ангелидис (Ангелевски) Нашето име е Македонија |
Мајк Ангелидис (Ангелевски), поранешниот хокеар на Националната хокеарска лига (National Hockey League/NHL), се приклучи на кампањата Нашето име е Македонија, за одбрана на Македонија и на Македонците Ангелидис (Ангелевски), поранешен хокеар на Тампа Беј Лајтнинг, со задоволство се согласи да даде изјава за Македонското меѓународно движење за човекови права, за потребата да се одбрани Македонија од менувањето на името кое ни се наметнува од страна на Запад. По нашиот повик, Ангелидис, на Твитер, објави: „Јас сум Канаѓанец со македонско потекло и шокиран сум што Западот ја принудува Македонија да го смени своето име, да го смениме нашиот идентитет, со цел да ги исполниме желбите на друг народ. Ги повикувам сите истакнати Македонци да го искористат своето влијание за да обезбедат меѓународна поддршка за нашите човекови права. Нашето име е Македонија“. За разлика од некои други познати македонски личности, господинот Ангелидис веднаш се реши да застане во одбрана на основните човекови права на Македонците. Има други влијателни личности од Македонија кои не излегуваат во поддршка на својата етничка група, велејќи дека се работело за „политичко“ прашање. А сепак гледаме како познати личности од другите етнички заедници, кога е тоа неопходно, без двоумење стануваат во одбрана на своите човекови права. Ангелидис е по потекло од Арменско и Буф, во Егејска Македонија. Тој вели дека со Преспанскиот догвоор ќе се смени идентитетот на Македонците дури и ако тие живеат надвор од Република #Македонија. Оттаму, Ангелидис прашува: „Како може Западот да и наметне нов идентитет на цела една етничка група за да ги задоволи интересите на друга држава која си поставила за цел нејзино уништување? Грција веќе ги смени имињата на стотици илјади Македонци, вклучително и моето, во обид да го избрише нашето постоење“. ММДЧП и Мајк Ангелидис го повторуваат повикот до сите истакнати Македонци да побараат ставање крај на процесот на менување на името, наметнат од САД и ЕУ. Со него се кршат човековите права на цела една држава и етничка група, во обид да се исполнат целите на една расистичка надворешна политика, и на тоа мора да се реагира. ММДЧП му благодари на господинот Ангелидис за неговата поддршка за кампањата #НашетоИмеЕМакедонија и за неговата недвосмислена одбрана на сите Македонци. Очекуваме и веруваме дека и други Македонци ќе ни се приклучат во одбраната на татковината. |