|
||||
Договорот дозволува грчки премиер да може да става вето на преговорите |
Николоски: Договорот дозволува грчки премиер да може да става вето на преговорите секогаш кога ќе му треба повисок рејтинг
– Теоретски Македонија да прифати се што Грците ќе побараат и да дополнително национално се понижи, секогаш кога на грчки премиер ќе му е потребно да си го крене рејтингот дома ќе стави блокада на следното поглавје во процесот на преговори со ЕУ што во превод ќе значи дека ние никогаш нема да ги завршиме преговорите за членство во ЕУ, изјави во емисијата Клан Дебата, на Телевизија Клан, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој потенцираше дека тоа ќе се случува затоа што согласно договорот Грција има право да стави вето на отворање на секое следно поглавје во процесот на преговори на Македонија со Европската Унија, доколку е незадоволна од извештаите кои ќе се поднесуваат во јуни и декември секоја година. – Со овој договор Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ, затоа што Грција тоа никогаш нема да го дозволи, односно ние ќе станеме втора Турција, ќе бидеме секогаш во процес на преговори но никогаш нема да станеме членка, истакна Николоски. |