|
||||
Народот навистина заслужува подобра и поубава иднина |
Македонскиот Народ заслужува подобра и поубава иднина. Но таа подобра и поубава иднина неможе да ја понуди Зоран Заев и неговата СДС. Посебно неможе да ја понуди партија која со години работи само за интересите на одредена елита, а не за вистинските интереси на македонскиот народ. Македонија отсекогаш патела од предавници и продадени души, но ова веќе ја премина секоја граница. Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите. Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг! Продадоа име, идентитет, и што уште не! Станавме граѓани од втор ред во својата земја. Дозволивме да направат уште еден геноцид врз Македонците. Упорно работаат да не` нема, да ни го срушат достоинството, гордоста и најлошо од се` со своите глупости и` го извалкаа името и идентитетот на нашата Македонија. Да се прикажува грешникот како чесен, предавникот како лојален, неверникот како верник а лошиот како добар е најдобар пример за тоа што го гледаме сега, што го слушаме во овој момент и што сите знаеме дека е токму тоа се искривени вредности. Многу пати сме читале во историјта колку Македонскиот народ бил предаден и продаден заради лични интереси, од внатрешни и надворешни предавници и колку пати нашата татковина била фрлена на колена, но овојпат предадени сме од домашни, од наши. По глупостите кои ги направи оваа власт, илјадници Илинденци од 1903 и 1944 година, кои ги положија своите животи во сите три дела на поделена Македонија, денес се превртуваат во своите гробови, гледајќи како нивните потомци така лесно се откажваа од продобивките кои се добиени со потоци крв. Да се порази неспособноста, незнаењето, ароганцијата, вазалноста и штетноста од владеењето на еден човек – Зоран Заев, чии наведени карактеристики, станаа матрица на однесување на целокупната владеачка гарнитура. Зашто, за жал, се потврдува дека глупоста, незнаењето и неспособноста претставуваат вирус далеку позаразен и од оној на Ковид 19. На 17 октомври да ставиме крај на Заев и неговата криминална и антимакедонска дружина, и да им кажеме, доста е одете си. СИТЕ ОБЕДИНЕТИ на 17 октомври, ќе ја обоиме Македонија во црвено. Клетвите на македонските мајки чии синови загинале за Македонија, да ги стигне сите кои ја уништуваат Македонија и Македонците. АМИН ГОСПОДЕ! |