|
||||
Загинаа за одбрана на Македонија |
Денеска се навршуваат седум години од терористичката акција, што се случи во кумановско Диво насеље или Дива населба, во која загинаа осум македонски полицајци. Во 2015 година во антитерористичката акција на македонската полиција, осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на татковината: - Жарко Кузмановски (роден 1981), од с. Брвеница, Тетово - Ненад Серафимовски (роден 1987), од с. Зубовце, Гостивар - Сашо Самојловски (роден 1982), од с. Брвеница, Тетово - Бобан Ивановиќ (роден 1968), од с. Стајковци, Скопје - Горан Илијевски (роден 1974), од Гостивар - Исамедин Османи (роден 1983), од с. Студеничани, Скопје - Љубиша Аранѓеловиќ (роден 1966), од Скопје - Горан Стојменовиќ (роден 1970), од Миладиновци, Скопје Загинаа за одбрана на Македонија... Овој датум и овие херои вечно ќе останат запишани во најновата македонска историја. Вечнаја памјат и слава им! Хероите никогаш не умираат! |