Среда, 16 Јуни 2021    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ нека ти е среќен 31-тиот роденден!
17.06.1990 a
 
ВМРО-ДПМНЕ прославува 31 години од основањето-(17.06.1990-2021 г.)
 

Во текот на изминатите години ВМРО ДПМНЕ постојано растеше, се надградуваше, за да денес таа да е најголемата партија во Македонија. Без разлика дали била во опозиција или на власт, од основањето до денес, даде огромен допринос во изградбата на суверена и независна македонска држава.Заслугата што денес македонскиот народ има своја самостојна и независна држава, своја армија, своја валута, сопствена дипломатија и македонски репрезентации во повеќе спортови, кои ја афирмираат земјата во светот, ја имаат голем број македонски патриоти токму од ВМРО ДПМНЕ.

За жал многумина од нив, кои дадоа огромен допринос за надминување на пречките со кои се соочуваше државата по осамостојувањето, денес не се меѓу живите. Денес го нема идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски и многу други сопартијци и патриоти кои се вложија во ВМРО-ДПМНЕ, кои го трасираа патот по кој денес партијата чекори.

Сепак, нивните жртви не беа залудни. Нивниот лик и дело живее во ВМРО ДПМНЕ, а нивниот дух дава сила да се истрае во најтешките моменти и да се чекори само напред. Нивната пожртвуваност и љубов кон татковината, беа пример за младите поколенија, кои се нафатија да го продолжат нивното дело, да ја развиваат демократијата во земјата, да ја изградат Македонија во модерна европска земја.

ВМРО ДПМНЕ ги продолжи традициите на славната ВМРО и стана вистински чувар на аманетот на нашите претци, учесници во борбата на македонскиот народ за создавање на самостојна и национална држава.

Од Основачкото собрание на 17 јуни 1990 година до денес, ВМРО ДПМНЕ секогаш била прва на браникот на татковината. За цело време од осамостојувањето до денес, македонскиот народ континуирано му даваше масовна поддршка на партијата ВМРО ДПМНЕ, која стана репер за успех. Меѓутоа, како во секоја успешна приказна, така и во ВМРО ДПМНЕ има покрај успеси и падови.

Политичките опоненти кои не можеа да се помират со фактот дека некој е подобар од нив и дека народот ги сака, ја продадоа душата на одредени центри на моќ со чија помош и разни интриги ја дофатија власта на последните парламентарни избори, иако на истите изгубија.

ВМРО ДПМНЕ го дочекува 31 роденден разочаран од предавничките политики на Зоран Заев и неговата СДС кога е во прашање иднината на Македонија, но и исполнет со надеж дека и ова премрежје, како и многупати досега со помош на мудриот македонски народ успешно ќе го надмине. 

ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски се наоѓаат на браникот на татковината.На македонскиот народ му е потребно ВМРО ДПМНЕ, како што и на партијата му е потребен секој Македонец, бидејќи само единствени и сплотени можат да се одбранат и да ги остварат виталните национални интереси.

Само така, не би се изневерило делото на сите кои работеле а многу го дале и животот за Македонија вклучувајќи го и Драган Богдановски, основоположникот на ВМРО ДПМНЕ, кој цел живот и го посветил на својата татковина Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ нека ти е среќен 31-тиот роденден!

Македонска нација

1Pri

17.06 3

17.06 7

17.06 1

17.06 8

Фотографи: Киро Кипроски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.