|
||||
Коњаницата СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ по дванаесети пат ќе учествува на 10 дена КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА |
Коњаницата на Здружението на граѓани Бигорски Манастир патот на Црешовото Топче во периодот од 26.07.2021 до 02.08.2021 г. организира Илинденски марш тргнувајќи од с. Зубовце-с.Тумчевиште, Гостивар до Манастирот Св. Јован Бигорски, Јанче, Галичник, планина Бистра, Кичево, Врањештица, Цер на пат за Крушево, како манифестација која веќе 12 години традиционално се одржува секоја година во чест на националниот и државен празник Илинден на 2 август. Оваа година за прв пат петмина битолчани, од кои три машки и две девојчиња ќе ја предводат Битолската коњаница која ќе биде дел од традиционалниот коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден. Агендата на движење на коњаницата: 26.07.2021 Понеделник: Агенда на движење на Коњаницата од Зубовце-Тумчевиште-Гостивар 9,00ч. Посета на гробиштата во с. Зубовце. 11.00ч. Коњаницата пристигнува во с. Тумчевиште 13.00ч. Посета на гробиштата во Гостивар. 14.30ч. - Благослов на коњаниците во црквата „Св. Богородица“ во Гостивар 16,00ч. Од кај градскиот стадион во Гостивар коњаниците одат за Манастирот св. Јован Бигорски.
26.07.2021 Понеделник: Агенда на движење на Коњаницата од Цапари–Битола 07:00 часот – Служба со заклетва во црквата во село Цапари, 08:30 часот – Коњаницата од Цапари тргнува кон Битола, движејки се по стариот пат, покрај селото Братиндол, 13:00 часот – Пристигнување во Битола, патеката по влегувањето во Битола: по Булевар 1-ви Мај, покрај Саат кулата и црквата Св. Димитрија, продолжувајки до Библиотеката и Хотел Епинал и завршува кај долната гимназија. 15:00 часот - Коњаницата тргнува за Бигорски Манастир, каде се среќава со Коњаницата „СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ“. 27.07.2021 вторник: 10.00 часот Бигорски Манастир: Литургија ,Благослов и Заклетва. 11.00 часот Коњаницата по благословот во Бигорскиот манастир тргнува на пат за Јанче. 12,00 часот Пристигнување во с. Јанче, коњаницата од с.Јанче патува кон с.Галичник. 13.30 часот пристигнување во с.Галичник. 15.30 часот Коњаницата од селска ливада во Галичник тргнува за бачило Салтаница. 20.00 часот Пристигнување на коњаницата во бачило Салтаница. 28.07.2021 Среда: 07.00 ч. Тргнување на коњаницата од бачило Салтаница и патува покрај бачилото Сулумуница. 11.00 часот пристигање на бачило Раштанец, по мала пауза коњаницата тргнува кон Кнежињо. 16.00 часот Пристигнување во Манастирот - Кнежино. 29.07.2021 Четврток: 08.00 часот Тргнување од Манастирот во Кнежињо кон Крушино. 10.00 часот Пристигнување во Крушино. 11.00 часот Коњаницата влегува во Кичево на раскрсница кај борова шума -Коњаницата се упатува кон црквата во Кичево..Коњаницата после благословот од црквата се упатува кон с. Врањешница. 12.00 часот Коњаницата се упатува спрема општа болница во Кичево и излага на магистрален пат за с. Србјани. Коњаницата се упатува по селскиот пат Староец. 14.30 часот коњаницата влегува во с. Врањешница во црква СВ Илија. 30.07.2021 Петок: 11.00 часот Коњаницата тргнува за пат за Цер.- По патот за сел Цер коњаницата поминува низ Турла и с.Црцко. 15.00 часот пристигнување во с Цер. 31.07.2021 Сабота: 9.00 часот Коњаницата од с.Цер по патот за Крушево поминува низ с. Пуста Река покрај С, Долно Дивјанци и покрај Арилево 14,30 часот пристигнуване на езерото во Крушево -кампот на коњаницата Бигорски Манастир патот на црешовото топче. Коњаницата СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ по дванаесети пат ќе учествува на прославата 10 дена КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА. Оваа година коњичкиот марш го посветуваме на уставобранителите кои невини лежат во Македонските зандани. Македонска нација |