Во селото Цер, Кичевско, во борба против турската војска загина (се самоуби заедно до единаесетмината негови соборци) Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година.
Во кичевското село Цер се опколени од многуброен турски аскер со артилерија. Војводата В.Србаков решил на свој ризик, со фрлање на бомби да се обиде да се пробие но со еден залп на неколку чекори од куќата е погоден. За да не им паднат на Турците живи во раце, Христо Узунов и неговите 13 соборци извршиле саможртва.
Останало неговото познато и потресно претсмртно писмо како сведоштво за македонските херои и маченици....
„Последен пат збогум сестро, кажи им на другарите дека славно ќе умрам, смртта е последна кога нема слобода. Нека бидат уверени дека делото ќе победи. Македонија ќе роди нови борци, ние ќе живееме во спомените ваши. Кажете им дека сме предадени“
https://www.youtube.com/watch?v=6_BevcR5mec |