Среда, 08 Март 2023    PDF Печати Е-пошта
ЗА ДЕНОТ НА ЖЕНИТЕ – ЦВЕЌЕТО И ТВОРЕШТВОТО со Марија Емилија Кукубајска

323

 Марија Кукубајска, за Денот на жените, орхидеите и љубовта, книжевен настап, Вестминстер, Калифорнија, 1992

„За мене празниците на народите и културите се славење на различни идентитети со иста цел: оддавање признание на народниот и индивидуалниот гениј, на колективната мудрост на човештвото и на личниот развој и успех. Затоа и овие меѓународи настани во САД ги сметам за чествување на човековата универзална љубов кон трансценденталната возвишена моќ на слободата, кон цвеќето – симбол на убавината и кон жената – суштина која ја обединува во еднаквост светоста на љубовта и на животот.

Изразувам длабоко срдечна благодарност до сите што ме инспирирале да ги разбирам и славам различните празници, и токму тука и сега, после Кинеската нова година, Денот на орхидеите, и пред меѓународниот празник на жената, да ги поздравам: мојата македонска православна црква Св. Богородица во Витиер; креативниот народ во вашата најголема виетнамска дијаспора во САД, овде во Вестминстер, Калифорнија; Smithsonian Institution – Indochina Arts Project Washington/Irvine, Pacific Asia Museum во Пасадена, Сенатор на Калифорнија, Ed Royce, најголемиот виетнамско-француски етномузиколог и композитор Pham Duy. На негова музика ги напишав стиховите: „Жената не е силна кога има слобода да крши машини, ниту машки идентитети, ниту кога руши општества и фамилиим, туку кога во мир и мудрост гради сестран напредок додека сади моќна љубов и нежно цвеќе - музика за срцето. Овие идеи кореспондираат со сликите на вашиот уметник, мој соработник на проектот Арт-По, Уметност и поезија, кои се изложени од вечерва, сликарот и литограф Viet Ngyen.

(Vietnamese Tet Art Exhibit & Orchid Show. Century Art Gallery, Vietnamese Cultural Center, Westminster, California, 1992)

324 

Весникот Nguoi Viet, за виетнамско-американскиот и македонски музичко-поетски и сликарски настан по повод Денот на цвеќето, за делата на композиторот Фам Дуи и поетесата Др. Марија Кукубајска. https://youtu.be/Gqm4BRnIYqg     https://youtu.be/TKZeHvH3heQ

Кукубајска, Маријаво својата татковина Македонија учествува на поетскиот настап по повод 8-ми Март: Поетско музичка вечер во Скопје,со песните: За умствен престол на чувствата и Заложница за умување (од најновиот ракопис Јаглен и Дијамант). Други учесници: Бошњаковска Гордана Михаилова, Јоциќ-Христова Светлана, Миркуловска Бистрица, Тодоровска Душица, Трифуновска Радмила, Шуплинова Евгенија, Арбуљевска Олга, Андеевски Петре, Бошковски Петар, Гајтани Адем, Котевски Јован. Центар за култура и информации на град Скопје, 1974

Две песни за 8ми Март од Марија Кукубајска, Манифест на космичката девица и За умствен престол на чувствата, објавени се во Културен Живот, стр. 38, XX, 2-3, Скопје, 1975

325 

На свечена седница за 8ми Март, 1975, Собрание на Општина Штип, Марија Кукубајска чита делови од својот ракопис, детско-младинскиот роман „Викторија“. Ја истакнува одлучноста на младите да се борат за човекови вредности, слобода во светот и татковината, и возвишен мир во душата. Романот е напишан за Викторија Вита Поп Јорданова, 1967, спрема кажувањата на мајка и’ Софија Поп Јорданова.

326 

За 8-ми март: Портрет на Марија Кукубајска, графика од Јулијана Поповска, сликар, сопруга на академик Радован Павловски, ќерка на градоначалникот на Скопје, Владо Поповски. 8.3.1984

Книжевно-поетски активности на Марија Кукубајска, Фулбрајтов студент на постдипломски студии во САД, пред и по меѓународниот Ден на жената (1 – 24 март, 1976), на California State University Chico.

Марија Кукубајска,Поетско читање со превод, радио емисија за творештвото на Марија Кукубајска. Radio KCHO program – Voices. Најава во University Bulletin, California State University Chico, California, vol. 3, no. 21, March 1, 1976

Марија Кукубајска,Поетско читање, од книгите Timelessness and Undiscovery”, and “Carbon and Diamond”, на македонски и англиски јазик, и избор песни од Југословенски жени поетеси (дел од истражувањето кое ќе го презентирано на San Jose State University, California, Inter-American Women Writers Conference. Најава објавена на плакатот на Chico State University Students Union: Bell room 222. 1976 Press release: Poetess, и во весникот Enterprise Record, Chico, Calif., March 23, page 2A, 1976

327 

Нема поубав подарок за жената-мајка, од највисокиот творечки чин во животот - да се создава потомство, да се биде родител. На сликата: на шеталиштето во прекрасниот Бенгази, Либија, 1979, М. Кукубајска со своето бебе Еми и мајка и’ Радунка Кукубајска Николиќ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.