Меѓународниот ден на жената- светски празник што се одбележува на секоја година на 8 март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Прв пат Денот на жената одбележан е на 28 февруари 1909 година во САД со декларацијата која ја донесе Социјалистичката партија на Америка.
Идејата за одбележување на Меѓународниот ден на жената се појави кон почетокот на 20-тиот век во времето на брзата индустријализација и економска експанзија која често доведувала до протести поради лошите услови за работа.
Жените вработени во индустријата за текстил јавно протестираа прв пат на 8 март 1857 година во Њујорк поради лошите услови за работа и ниските плати. Полицијата ги растури демонстрациите, а жените два месеци подоцна основаа Синдикат.
Осмомартовските протести наредните години станаа традиција, а најмасовни беа во 1908 година кога 15.000 жени маршираа низ улиците на Њујорк барајќи скратено работно време, подобри плати и право на глас.
Првата Меѓународна женска Конференција беше оддржана во 1910 година во Копенхаген во организација на Социјалистичката интернационала, кога на предлог на Клара Цеткин,ÂÂ која била член на Германската социјалистичка партија, воспоставен е Меѓународниот ден на жената.
Наредните години Меѓународниот ден на жената одбележуван е во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. Демонстрациите по повод Меѓународниот ден на жената во Русија биле прв стадиум на руската револуција.
После Октомвриската револуција, болшевичката феминистка Александра Колонтај го наговорила Владимир Илиќ Ленин, 8 март да стане државен празник и во текот на советскиот период се користи за одбележување на „херојството на работничките“.
Меѓутоа, во многу комунистички држави тој празник ја изгуби својата идеолошка основа и стана можност мажите да ја искажат љубовта и почитувањето кон жените.
На Запад, Меѓународниот ден на жената главно престанал да се одбележува во 30-тите години од минатиот век, но феминистките во 60-те години повторно почнаа да го одбележуваат. Во 1975 година, која беше прогласена за Меѓународна година на жената, ОН официјално почнаа да го одбележуваат овој празник.
Македонска нација |