Среда, 05 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
Бугарскиот јазик подваријанта на Македонскиот јазик

071

Денешниот ден, 5 мај е прогласен за Ден на македонскиот јазик.

Познавачите на Македонскиот и Бугарскиот јазик што можат да направат стручна споредба на двата јазика сметаат дека Бугарскиот јазик е доста нерегуларен. Во споредба со Македонскиот јазик, со стручни аргументи докажуваат дека тоа се два различни јазика, а забуна прави тоа што исти зборови добиле различно значење, различно поимање на светот, различен гласовен и акцентски систем, синтакса, странските зборови чудно ги адаптираат на Бугарски, глаголскиот систем чуден, членувањето, турцизми, многу друго... .

Ова поттикнува на следното размислување (само врз основа на размислување): ако се спореди говорниот, па и пишаниот Македонски јазик на нашите Арнаути (ова не е навредливо, отсекогаш така сме ги викале), ќе може да се заклучи дека тие конструкцијата на речениците ја прават веројатно поаѓајќи од конструкцијата во нивниот јазик.

Познавачите на тој јазик од пред педесетина-седумдесетина години сметале дека е доста, ако не и многу сиромашен. Според историчарот д-р Петар Попоски Арнаутите на овие простори се донесени пред околу 250 години. Околу себе немале и немаат народи со слична култура и јазик и поради тоа и нивниот јазик до скоро беше доста сиромашен, па имаат преземано Македонски зборови - од јазик што со милениумска традиција се зацврстил врз одредени правила и норми (да не речам Европски).

Поаѓајќи од ова како основа, би можело да се заклучи дека и кога Бугарите дошле на нивните сегашни простори, дошле со нивниот сиромашен јазик и со нивните јазични конструкции. Прифаќајќи го тогашниот Македонски јазик влијаеле на него (на нивниот освоен простор) и во него внесле правила од нивниот јазик, со што како резултат се добил сегашниов или некој поранешен “Бугарски“ јазик.

Во оваа “теза“ основно е дека дојденците го презеле јазикот што веќе бил таму. За да се поткрепи оти Македонскиот бил тој што го прифаќале и го менувале, може да се појде од средниот текст на Каменот од Розета, пишуван околу 200 години пред Христа. Акад. Бошевски и Проф. Тентов изјавуваа дека тој текст бил пишан на сегашниот Македонски јазик, на сегашниот Битолски дијалект. За жал, Римјаните уништувале се’ што новоосвоените народи го имале како култура и споменици, значи и Македонските, па сега други ни’ се прават постари од нас и не “посвојуваат“.   

Ако се прифати овој пристап, тогаш може слободно да се каже дека Бугарскиот јазик е варијанта на Македоскиот, а не обратно. И Бугарите и Арнаутите со себе донесле сиромашен јазик и овде ги надградувале. За ова да се потврди, би требало нашата држава да финансира два, односно три научноистражувачки проекти:

- нашата врска со Античките Македонци и

- истражување на корените на Арнаутите, па и на Бугарите, бидејќи обата народа се дојдени од Исток.

На Гуревски несомнено како многу позитивни мораат да му се признаат активностите и резултатите на економско поле, финансиско потполе, на правно, образовно поле, но да му се забележи што иницијативата за испитување на нашите корени не ја спроведе до крај иако ја започна.

Во контекст на досега реченото, а за донекаде да се разбере настапот на Денко Малески во последниве денови, треба да се има предвид дека мајка му на Денко Малески била Бугарка. По ослободувањето на Македонија по Втората светска војна, во четириесеттите години од минатиот век тогашната Комунистичка Партија на Македонија му наложила на татко му Владо Малески да се разведе од мајка му. Тој се преженил, а Денко очигледно останал со мајка му. Можеби тука треба да се бараат причините поради кои тој има ваква ориентација и има таква изјава. Ова би требало да и’ се објасни на Македонската јавност за да се посмири и да си ја гледа Македонштината.

Поаѓајќи од погоре реченото, може да се постави и прашањето каква била улогата на Денко како прв Министер за надворешни работи на самошто осамостоена Социјалистичка Република Македонија, односно дали тој можеби и намерно не преземал доволно дејства во насока на признавање на земјата. Од тоа време има информации дека не бил доволно продорен и агилен при неговите посети на странски држави и особено на Организацијата на Обединетите Нации. Има место да се преиспитаат и неговите ставови изложувани за цело време на постоење на самостојна Република Македонија, бидејќи имало моменти кога тие ставови не биле секогаш во согласност со националните интереси на неговата, но и наша земја.

Мирко Трпески

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.