Четврток, 02 Јули 2020    PDF Печати Е-пошта
Манојил (Мане) Јаковлески: Свети Клименте, спаси не од неспособни политичари

1Mane2

Манојил (Мане) Јаковлески: Свети Клименте, спаси не од неспособни политичари

Сеуште кај нас се мисли дека секој може да се занимава со политика. Исто така постојат луѓе кои се занимаваат со политика, но колку помалку знаат, толку повеќе мислат дека се поспособни буквално се’ да прават.

Ако се направи споредба меѓу политичарите во земјата за нивната способност, држење до кажаниот збор, вреднување на одредена политика во интерес на сопствената држава и народ, тогаш најверојатно на последното место ќе го видите лидерот на СДС, Зоран Заев.

Чудно е како овој човек се најде на лидерското место на СДС, а нема појма од политичкиот занает. Изгледа како да е црпнат од нива и е поставен за главен хирург, а никогаш не студирал медицина.

Гоце Делчев кажал: „Кој знае дали има народ којшто толку многу трпел од своите синови изроди, колку македонскиот!...“

Навистина и денес е така. Тоа што некогаш врховистите го правеа, денес неразумната политика на владата на Заев ја донесе земјата во подредена улога и да биде условена од сите соседи.

Свети Клименте, спаси не од неспособни политичари, кои за туѓи интереси прават хаос и повеќе од три години ја држат земјата во заложништво. Спаси не Свети Клименте од налудничавата политика на Зоран Заев, кој го дели народот и ја уништува земјата.

Сегашната власт е најголемо зло кое се има досега појавено и кое прети како цунами да избрише се што е македонско. Во пресрет на предвремените парламентарни избори сведоци сме како СДС во својата кампања ветува се и сешто. Ветуваат работи кои не еднаш ги ветиле, но никогаш не ги исполниле.

На овие избори сите ние ќе одлучиме во каква Македонија сакаме да живееме ние, нашите деца и внуци.

Овие избори се референдум за зачувувањето на државата. Овие избори имаат значење како трите Илиндена: Илинденското востание и Крушевската Република, Првото заседание на АСНОМ 1944 и референдумот 1991 година. На овие избори македонскиот народ треба да ја потврди сувереноста и унитарноста на земјата.

Во 1991 г. прогласивме самостојна Македонија, на 15 јули 2020 ќе одлучиме да ја сочуваме нашата Македонија и да ја одбраниме гласајки масовно за ВМРО-ДПМЕ и коалицијата заокружувајќи Бр.14.

За сето зло што ЗЗ и СДС го имаат направено нема простување!

Ги повикувам неопределените и тие кои од разни причини ја напуштиле ВМРО-ДПМНЕ, (можеби некои со право ја напуштиле заради односот на некои функционери во минатото) да ни се приклучат на 15 јули за да ја сочуваме државата стабилна и унитарна.

Затоа треба да излеземе масовно на избори како на референдумот во 1991 година и да кажеме НЕ на политиката чиј предводник е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, НЕ на политиката на разнебитување на македонскиот народ и држава.

Масовно треба да излеземе и да кажеме ДА за политиката за зачувување на целовитоста на земјата, за политика на економски развој и прогрес на сите граѓани на Македонија, без разлика на политичка, етничка или верска припадност.

Политиката што е зацртна во програмата од над 1000 страници на ВМРО ДПМНЕ чиј лидер е Христијан Мицкоски, ветува само тоа што реално може да го реализира.

Идниот Премиер на РМ, даскалот Христијан Мицкоски е посветен за Македонија, не ветува ништо што е против интересите на Македонија. На Македонскиот народ му е потребно ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, заради тоа ќе биде избран за премиер со 63 пратеници за стабилна Македонија.

15 јули, е денот кога сите заедно и со божја помош ќе му ставиме крај на анти Македонската политика, за да се спасиме од заложништвото во кое не’ држи Зоран Заев и СДС.

На 15 јули ќе победи Македонија!

Македонија вечна!

АМИН!

#ИсправиСеМакедонијо

#ОдбериОбнова

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.