|
||||
Со Бледскиот договор Бугарија признала македонски јазик, народ и Македонци, се што денеска спори |
Што кажува Бледскиот договор кој е одговор на сите денешни спорови кои ги отвара Бугарија кон Македонија.
1. Договорот помеѓу НР Бугарија и ФНР Југославија е потпишан во Блед (Словенија) на 1 август 1947 година. Според уставот на ФНР Југославија, ФН Репубика Македонија во надворешната политика е застапувана од сојузната, федерална власт, па договорот кој е потпишан е право и задолжение и за Македонија. 2. Со договорот Бугарија признава дека била окупатор и се задолжува да плати тогашни 25 милиони долари воена оштета. Тито прифаќа да и прости на Бугарија 25 милиони долари за воена отштета кон Југославија, како добра воља за правата на Македонците во Бугарија. 3. Признание од Бугарија за постоење Македонци, македонски јазик, етничка и културна автономија на Македонците во Бугарија (Пиринска Македонија). Обврска за обезбедено учење македонски јазик во школите, македонски театар… На Македонцте им се дава право на автономија и проклучување кон матичниот народ, кон Република Македонија, што го потврдува и бугарското издание на Википедија. Македонското нема ни збор за сето ова. 4. Признавање на Федеративна Народна Република Македонија, со службен јазик македонски, во состав на федерацијата Југославија. Исто право какво имале и тогашна, и денешна Србија, Словенија, Хрватска… 5. ФНР Југославија е една од 50 држави кои се основачи на Организацијата на обединетите нации во 1945 година. Република Македонија, преку Федеративна Југославија која ја претставува во надворешната политика, е оттаму коосновач на Обединетите нации. Со македонски народ и македонски јазик. Бледскиот договор, со бугарскиот државен потпис и печат на тие факти, го потврдува тоа во 1947 година. 6. Под притисок на СССР и Сталин, кој во 1948. со Информбирото има спор со Тито, Бугарија на 1. Октомври 1949 година еднострано ја раскинува спогодбата, Бледскиот договор. Но, иако го раскинува договорот, го признава оној дел во кој Југославија и простува 25 милиони долари кои треба да ги плати како воена репарација од окупацијата на Македонија. Па, кому комунистите и Сталин помогнале? На Македоните или на Бугарија која, по нивно барање и поддршка од Москва го раскнува еднострано Бледскиот договор и ги поништува правата на Македоните во Бугарија? Зошто и со Санстефанскиот договор и во 1948. година, Русија и помага на Бугарија против Македонија? Најпосле, зошто и околу што преговараат денес Македонија и Бугарија кога се е договорено во Блед, во 1947 година. Усогласено со правата на Обединетите нации кои, помеѓу останатото, во член 52 на повелбата признаваат такви регионални договори за спорни политички и државни прашања. Кога ќе се видат фактите, денес Македонија и Бугарија се обидуваат да ги спроведат директивите на Сталин од 1948 година „низ компромис прифатлив за двете страни“. Македонија тогаш не прифати преговори за релативизирање на сопствената нација, историја и постоење неоспорена од никого. Денес – седна на маса самата себе да се пресипита постои ли или не. |