|
||||
Русија има многу длабоки традиции на изучувањето на македонскиот јазик |
Соопштение на Амбасадата на Русија во Република Македонија
По повод денот на #македонскиот јазик!
Русија има многу длабоки традиции на изучувањето на македонскиот јазик.
Историјата на современата македонистика во нашата земја започна уште од 1948 година. А во 1975 година македонскиот јазик за прв пат е воведен како специјалистички студии во рускиот универзитет «Ломоносов» во Москва.
Денес географијата за изучување на македонскиот јазик и култура во Русија ги вклучува не само Москва, туку и Санкт Петербург, Воронеж и Перм. А руските македонисти, како Самуил Бернштејн, Рина Усикова и други, се светски познати за нивниот значителен придонес во промовирање на македонскиот литературен јазик!
|