Петок, 07 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
Филипче целосно се испобрка, новиот клинички е само во главата

2a 2Филипче целосно се испобрка, новиот клинички е само во главата, а не знае ни што е аванс

Венко Филипче наместо да обвинува, да брка провизии, треба конечно да седне да работи.

Многу е едноставно, ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, но само со изготвен проект, а не со физибилити студија од 35 страни.

Филипче треба  да изработи проект, а потоа со истиот да бара пари, односно заем за реализација на вака сериозен капитален проект. Сега Филипче сака да се изгласа закон за заем од 503 милиони евра за проект кој е само во неговата глава.

ВМРО-ДПМНЕ има многу јасен предлог. Предлогот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го презентираше на последната средба со Зоран Заев.

Предлогот е јасен, комплетно реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кое би чинело околу 100 милиони евра како и изградба на ургентен клинички центар кој би бил наспроти „Жан Митрев Клиника“ и со кој би се поврзале Поликлиниката „Букурешт“ и ГОБ „8-ми Септември“. Освен ова решение, треба да се изградат уште три универзитетски клинички болници во Тетово, Штип и Битола кои би чинеле по десетина милиони евра.

Одговор од Владата нема, ама затоа има лаги на денешната прес конференција на Венко Филипче.

Срамно и лицемерно е однесувањето на Венко Филипче.

Филипче зборува за проект на нов клинички центар, ама тој постои само во неговата глава.

Во реалноста постои само физибилити студија работена врз основа на податоци од 2009 година, а денес потребите на здравствените системи по КОВИД пандемијата се сосема поинакви.

И за оваа физибилити студија Филипче бара повеќе од пола милијарда заем.

И не само тоа, на срамното однесување на Филипче нема крај.

Ама излегува дека Филипче не прави разлика помеѓу аванс и платена сума.

ВМРО-ДПМНЕ вели авансот е 7.8 милиони евра на фиктивната фирма од Хонг Конг, а вкупната сума е повеќе од 12 милиони евра, односно дека авансот е околу 60 проценти.

Очигледно е само едно, Филипче од многу лаги му се испобркале работите.

Затоа наместо лаги и трчање по пари, Филипче треба да се фати за работа. Ама, треба и да знае дека за сето ова ќе одговара.

 

На прво место

News image

Што му порача Димовски на Заев

На изјавата и обид на премиерот Заев да релативизира и да ја внесе „северна“ и во ФФМ, реагираше...

Историја

News image

Дописка за положбата на македонските патриоти во Горна Џумаја" во 1935 г.

Тихомир Каранфилов Политичкиот тероризам во Бугарија, кој владееше во триесетите години на минат...

Иселеници

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ЉУБОЈНО ПОСВЕТЕНИ НА ПИШАНИОТ ЗБОР - ДЕЛ I (12)

Текстовите во продолженија во порталот „Македонска нациј...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (3) Маслинова гора

Маслинова гора или Гетсиманска градина               Ма...

Фељтон

News image

КОИ БИЛЕ ВЕНЕТИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? (15)

Според Пешиќ Венетите биле поморски и речни трговци, кои го рашириле писмото кон Етр...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.