|
||||
Мицкоски: Никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда |
Мицкоски: Никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда на сите граѓани без разлика на нивната припадност„Ние разговараме за правда. Тоа е основното нешто што треба. Ние сме политичари кои треба да се грижат, граѓаните имаат загарантирана правда и нема никогаш да бидам мирен ако видам и еден човек кој доживеал неправда поради политичко дивеење врз судски одлуки“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на државата, Стево Пендаровски. Мицкоски додаде „никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда на сите граѓани без разлика на нивната припадност и ќе зборувам со секого“. Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ објасни дека не станало збор за амнестија. „Ние не бараме амнестија, туку бараме правда. Што значи тоа? Тоа значи дека овие луѓе кои се обвинети за терористичко - загрозување на уставниот поредок поради непостапување е навистина драконски, и треба да ја добијат пресудата од втор степен за да имаат право на вонреден правен лек и врз основа на новите докази кои бранителите ги поседуваат да побараат правда во трет степен како што е Врховниот суд или Европскиот суд за човекови права“, рече Мицкоски. Според него ако можеа случаите Сопот и Монструм, поради една изјава на Зоран Заев кој рече дека не се сторителите тие кои се сторители да започнат од почеток, тогаш зошто и овој случај да не почне од почеток. „Не гледам зошто овие „терористи“ според Кацарска и Заев, врз основа на нови докази од бранителите, овој случај да го почна од почеток, и да докажат дека не се терористи, но и дека направиле грешка затоа што прекршиле закон и ќе одговараат за тоа, а не затоа што некој политички дивеел “, посочи Мицкоски. |