Среда, 12 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ : Изјавата на Пекер за средби со Заев го откри театарот на власта за скандалот Мафија

1sedatpeker1

Изјавата на Пекер за средби со Заев го откри театарот на власта за скандалот Мафија, која сакаше да ги скрие функционерите вмешани во издавање на 214 пасоши на светски криминалци

Изјавата на Седат Пекер дека го познава македонскиот премиер, дека се пријатели и дека бил кај него дома, го разоткри целиот театар на власта околу скандалот Мафија.

Оваа изјава го потврдува ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека власта на Заев во паника од излегувањето на аферата со 214 македонски пасоши доделени на светски криминалци со крадење на идентитети, организираше апсење на ситни риби и чиновници во МВР со цел да ја сокрие вмешаноста на високи функционери во власта.

Имено изјавата на Пекер, кој е баран со потерници и посочуван за бос на туркста мафија, покажува дека Зоран Заев не само што знаел за неговиот престој во Македонија, туку и го примал на гости дома, а веројатно и самиот помагал тој да добие официјални македонски исправи под лажен идентитет Џадин Амедовски. Зоран Заев два дена молчи и не одговара, а со тоа сето ова го потврдува.

Уште од самиот старт на јавноста и беше јасно дека ваква операција за делење на 214 македонски пасоши на светски нарко босови, криминалци, мафијаши, убијци и терористи, не може да го направат обични чиновници, кои патем од страна на власта на Заев беа експресно осудени на смешни казни и условно.

Повторно ја прашуваме власта:

Кога имал Заев средба со Седат Пекер надвор од Скопјеи што тие двајца разговарале?

Второто прашање до Заев е, колку од советниците на Зоран Заев во неговиот кабинет оствариле средба со Седат Пекер?

И нашето трето прашање е, со кои високи функционери од МВР октомври 2020 година, Седат Пекер имал средба во хотелот „Буши“ за што е известена и Агенцијата за национална безбедност?

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.