Среда, 12 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
Митева: Заев по изјавата на Седат Пекер треба да се повика на информативен разговор

1lio

Митева: Заев по изјавата на Седат Пекер треба да се повика на информативен разговор во суд и да одговори за издадените 214 пасоши на нарко босови

„Изјавата на Седат Пекер јасно укажува оваа криминална мафија се случи во време во која што на власт е СДСМ, министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски од редовите на СДСМ и во најмала рака јас очекувам после вакви изјави судството да се охрабри и да ги повика на информативен разговор“,  истакна Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само Вистина“.

Митева додаде дека Зоран Заев треба да биде повикан на информативен разговор за да даде одговор на одредени прашања, одговори заслужува и јавноста.

„Зоран Заев треба да одговори зошто, за кои цели се сретнал, како се овозможени тие 214 пасоши на нарко босови, мафијаши кои што имале можност да престојуваат во Република Македонија. Дури имале и сопствено обезбедување. Ова е скандал од меѓународни размери“, рече Митева.

Митева посочи дека со СДСМ на власт правда нема. Главните и крупни криминалци се заштитени од законот. А, пасошите кои што се издадени на криминалци се уште се активни за жал.

Во текот на емисијата Митева се осврна и на темата 27 – ми април каде што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не бара слобода, ниту амнестија, туку бара правда, процес и употреба на нови докази.

„Што е најважно околу случајот 27-ми април? Прво, дали е направено насилство? Да направено е, потврдувам дека е направено насилство. Дали згрешиле луѓето кои што влегоа во Собранието? Да.  Дали тие се свесни за тоа? Да, свесни се. Но, дали луѓето кои што го овозможија тоа, и ги отворија вратата се наоѓаат на осудителна клупа или се ослободени од затвор за други цели, и тоа е многу важно прашање. Она што е важно што го бара ВМРО-ДПМНЕ не е слобода, ниту амнестија, тоа никогаш не сме го барале, туку ВМРО-ДПМНЕ бара правда, процес, и употреба на нови докази“, појасни Митева.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.