Петок, 14 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ : Македонија со власта на Заев меѓу другото тоне и економски

2a 2

За време на власта на Заев долгот порасна за 2,4 милијарди евра, а во 11 години претходно долгот порасна само 2,8 милијарди евра

Македонија со власта на Заев меѓу другото тоне и економски.

Освен што за една година се затворија над 6200 компании и скоро 60 илјади лица се нови невработени, поради нивната неспособност, криминали и неодговорно трошење на народните пари, енормно се зголеми јавниот долг.          .

Така јавниот долг достигна 7,1 милијарди евра, а кога дојдоа на власт пред нецели 4 години изнесуваше само 4,7 милијарди евра.

 За не цели 4 години власта на Заев создаде дополнителен долг од 2,4 милијарди евра. Тоа не може да се правда со било какова економска криза, затоа што во време на две кризи, светската економска и европската должничка криза кои се случија во време на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, кои траеа по неколку години, долгот за 11 години се зголеми за само 2,8 милијарди евра, а сега за неполни 4 години 2,4 милијарди евра.

Да повториме во 11 години долгот пораснал 2,8 милијарди, а за само 4 години власт на Заев за 2,4 милијарди. Доколку продолжат со вакво темпо, грчкото сценарио ќе изгледа оптимистичко.

Патем во Македонија има рекордно низок процент на реализација на капитални инвестиции и никој не знае каде завршија овие пари. Ништо не се гради, а долгот на Македонија расте.

Криминалната и најкорумпирана власт во Европа предводена од Заев не изгради ниту нови патишта, ниту нови болници, ниту нови училишта и детски градинки, ама затоа се задолжи тешки милијарди, кои идните генерации  ќе треба да ги враќаат.

Толку од нивната “блескава“ економска политика.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.