Понеделник, 17 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Ако ги споредиме годините на минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ со овие на СДСМ, заклучокот е дека со Владата на Заев се задолжуваме, но економијата паѓа

1HM 4

Ако ги споредиме годините на минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ со овие на СДСМ, заклучокот е дека со Владата на Заев се задолжуваме, но економијата паѓа, поточно разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг во време на ВМРО-ДПМНЕ е 1,292 милијарди €, а во периодот на владата предводена од СДСМ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е -968 милиони €.

Еве подетално:

Зоран Заев на 7 април 2018 година, во интервју за МИА, ќе изјави: “ лекција од економија Мицкоски може да добие кога сака...”. Нешто повеќе од 3 години поминаа од тогаш, ова се резултатите од лекцијата:

Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, период 1 јануари 2007 - 31 декември 2016 година

⁃ раст на бруто домашен производ: 4,185 милијарди €;

⁃ раст на јавен долг: 2,893 милијарди €;

⁃ просечен годишен раст на бруто домашен производ: 3%.

Влада предводена од СДСМ, период 1 јануари 2018 - 31 декември 2020 година

⁃ раст на бруто домашен производ: 0,728 милијарди €;

⁃ раст на јавен долг: 1,696 милијарди €;

⁃ просечен годишен раст на бруто домашен производ: 0,53%.

Заклучок: Во периодот од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е 1,292 милијарди €, а во периодот на владата предводена од СДСМ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е -968 милиони €. Во периодот од 1 јануари 2007 - 31 декември 2016 имаме додадена вредност, а во периодот 1 јануари 2018 - 31 декември 2020 имаме одземена вредност. Во периодот од 1 јануари 2007 - 31 декември 2016 се задолжуваме но економијата расте, а во периодот 1 јануари 2018 - 31 декември 2020 се задолжуваме но економијата паѓа.

Ако некој имал дилема каде завршуваат парите кои ги позајмува владата предводена од Зоран Заев пред, за време на избори, но и после избори одговорот е во три збора: криминал, корупција и поткуп.

П.С: слабо со лекцијата за економија, држете се до лекцијата евро за евро, тука сте најсилен, но за кратко..., а потоа следи одговорност!

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1868038616704922&id=829371753904952

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.