|
||||
Пасош од Спасовски имал и лидерот на Кавачки клан баран за дрога и свирепи убиства |
Како да беше малку меѓународниот блам со издавањето на официјални македонски исправи на криминалци од Шкаљарскиот клан, сега гледаме дека македонски исправи имал и водачот на ривалскиот Кавачки клан. Имено лидерот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер кој е баран заради трговија со дрога и свирепи убиства, според медиумите во регионот имал македонски пасош. Да потсетиме дека со аферата „Мафија“ беше разоткриен мега скандал во кој МВР издавал оригинални македонски пасоши на криминалци со злоупотреба на идентитет на македонски граѓани. Биле издадени 214 пасоши на мафијаши, нарко босови, убијци, терористи па дури и криминалци од завојувани кланови. Владата на Заев и Спасовски давале закрила на светската мафија, но очигледно поради нивната криминогеност успеале да ги обединат сите белосветски хоштаплери, криминалци и убијци околу себе, па макар биле тие ривалски и крвни непријатели. ВМРО-ДПМНЕ |