Петок, 21 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите за осудените од 27 април

1protes

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Штип во одговор на новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи протестите за осудените од 27 април изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не е организатор но ги поддржува протестите кои што во крајна цел имаат правда.

„ВМРО-ДПМНЕ има прецизен став по тоа прашање, станува збор за луѓе кои што се неправедно осудени, и квалификувани како терористи, тоа е срам за судскиот систем што дозволува еве до ден денеска, се уште тие луѓе да не можат да користат вонреден правен лек, односно да можат да ја обжалат пресудата на второстепениот апелационен суд  и до врховниот и до ЕСЧП односно Евроспскиот суд за човекови права, ние јасно и гласно кажавме дека да, тие можеби го прекршиле законот, т.е. да дел од нив и признаа пред судот и цитирав јас дел од нив кој што велеа да, ние признаваме дека го прекршивме законот но ние сме подготвени да одговараме за тоа што сме го прекршиле законот но не сме терористи да одговараме за тероризам. Така што апсолутно одговорот е да, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржува, не е организатор, но ќе ги поддржува протестите кои што во крајна цел имаат правда односно секој еден да има можност да ја докаже својата невиност за тоа што е осуден, нормално доколку постојат докази за некое друго сторено кривично  дело или прекршување на законите тогаш оставаме на судските власти да судат и да пресудуваат понатаму.

1Mic903

Но она кое што го направи тогашниот би рекол колуквијалец, кој што потоа стана уставен судија Кацарска, е се само не е правда и не е правдина и ние се бориме против таквите судии, кои што под политички притисоци, политички се фаворизирани во судството. Тоа е она кое што ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во иднина  да го практикува“, нагласи Мицкоски. 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.