Понеделник, 24 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
Христијан Мицкоски : Нека е вечно делото на Светите браќа Кирил и Методиј

 

18mic1

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите граѓани да им го честитам 24 Мај - Денот на сесловенските просветители и учители Светите Кирил и Методиј.

Ликот и делото на Светите браќа Кирил и Методиј е рамно на апостолско и затоа се прогласени за заштитници на Европа, бидејќи со својата просветителска дејност и создавањето на глаголицата поттикнаа епохален цивилизациски процес.

Ширењето на словенската писменост и заштитата на словенската култура е придонес кој сите словенски народи го почитуваат и пред кој се поклонуваат. Ние сме особено горди, што токму оваа искра на прво словенско писмо и просветителство почнува тука од Македонија. Нивната мисија по текот на Брегалница беше основата на која се градеше нивната дејност. Говорот на Словените од Македонија беше темелот на кој се градеше целата словенска писменост која потоа преку Моравската мисија ја раширија ширум Словените во Европа. Затоа не е нескромно да се каже дека таа искра од Македонија го запали просветителскиот факел кој се прошири низ Европа, факел кој и ден денес осветлува половина континент и стотици милиони луѓе.

Горди сме и неизмерно сме им благодарни, затоа што со златни букви ја запишаа Македонија во европската и светската културна ризница. Имињата на Кирил и Методиј кај секој граѓанин во Македонија будат посебен пиетет, но и аманет дека не смееме да престанеме да веруваме и да се бориме под ова небо. Тоа што Светите браќа успеале да го направат пред повеќе од еден милениум само покажува дека можеме и мораме и денес да се носиме рамо до рамо со останатите европски народи и заедно со нив да придонесуваме кон градење на европската иднина. Тоа што е наша гордост не смееме да го заборавиме. Тоа што е наше наследство не смееме да го распродаваме, туку напротив мораме да го надградуваме и потенцираме. Многу народи се благодарни на делото на Кирил и Методиј и влијанието кое тоа го направило во светот, а ние мора да бидеме горди чувари на нивниот завет.

Нека е вечен празникот.

Нека е вечно делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Нека е вечна Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.