Сабота, 29 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
БУГАРИЈА ПРЕРАСНУВА ВО ГЛАВЕН ДЕСТАБИЛИЗАТОР НА БАЛКАНОТ

19164

ОД ГЛАВЕН ПОДДРЖУВАЧ НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ ????????, БУГАРИЈА ???????? ПРЕРАСНУВА ВО ГЛАВЕН ДЕСТАБИЛИЗАТОР НА БАЛКАНОТ

Откако стави вето на Македонија ???????? за почеток на преговори со ЕУ ???????? поради идентитетски и јазични прашања, Бугарија не само што ги влоши односите со Македонија до најниско ниво досега туку и го навлече гневот на голем број европски држави.

Изминативе денови во Хрватска ???????? се случиле три напади врз бугарски државјани поради националистичката позиција на Софија кон Македонија која сè повеќе наликува на империјалистичка политика од XVIII и XIX век.

Според првата пријава, постара жена вербално била нападната од хрватски таксист откако дознал дека е Бугарка.

„Вие, Бугарите, со вашата валкана политика кон Македонија доаѓате да живеете во нашата убава Хрватска”, ѝ рекол таксистот пред да ја избрка од возилото и ѝ ги фрлил торбите.

Друга бугарска државјанка пријавила дека нејзиниот сопруг бил гаѓан со предмети на пазар затоа што „Бугарија ја уценува несреќната Македонија”, а во третиот случај, на синот на бугарска државјанка не му бил дозволен пристап во градинка.

Доколку официјална Софија ја продолжи блокадата на Македонија, индиректно ќе ја блокира и Албанија ???????? бидејќи двете земји се во ист пакет на патот кон ЕУ. Тоа значи бугарска блокада за две земји од Западен Балкан и заладување на односите меѓу Софија и Тирана, а на подолг рок и со Сараево ???????? и Приштина ???????? кои исто така се позади нас во евроинтеграциите.

Ако на ова го надоврземе отвореното несогласување на Чешка ????????, Словачка ???????? и Австрија ???????? со тврдењето на Софија дека св. Кирил и Методиј биле Бугари, како и ставот на Стејт департментот ???????? дека Бугарија треба да го решава спорот со Македонија надвор од пристапниот процес за ЕУ, тогаш може да се заклучи дека Бугарија забрзано ита кон целосна изолација и ризикува да го загуби и онака малото влијанието на Балканот.

Од ден на ден, бугарските позиции кон Македонија сè повеќе се совпаѓаат со оние на Кремљ и структурите на поранешна УДБА кои работат на стопирање на проширувањето на ЕУ кон Балканот. Бугарија одби германски ???????? историчари да посредуваат во македонско-бугарската комисија за историски прашања и не го прифати новиот предлог на Португалија ???????? за решавање на спорот. Бугарија пополека но сигурно го стекнува епитетот главен дестабилизатор во регионот.

Македонскиот и бугарскиот народ се блиски народи, но за жал арогатното однесување на Софија сè повеќе нѐ одделува едни од други до степен Хрвати да ја бранат Македонија од бугарската агресија во отсуство на одлучен одговор од страна на македонскиот државен врв кој делува сервилно без јасни црвени линии. Прашање е на ден кога инцидентите на национална основа од Хрватска ќе се прелеат и во Македонија и Бугарија.

Пишува: Филип Ивановски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.