Петок, 02 Јули 2021    PDF Печати Е-пошта
ВО СЕЌАВАЊЕ НА ДЕНОТ НА РАЗДЕЛЕНИТЕ!!! 01 јули 2021 година, Скопје, Македонија
1deca1 13
 
– Делегација на здружението „Форум за човекови права на Македонците од егејскиот дел на Македонија-Скопје, на 1 јули 2021 година (четврток) во 10.00 часот положи свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци - жртви од Граѓанската војна во Грција во Паркот „Жена Борец“ во центарот на Скопје.
 
 
Со свое присуство средбата ја уважија:
-Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова,
-Лилјана Затуроска, поранешен пратеник
-Мане Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ
-Љупчо Димовски, претседателот на Социјалистичка партија на Македонија
-Јасна Мојсоска, Левица
-Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
-Ѓорѓи Гаштаров, претседател на Мичуринската средба
-Трпески Љупчо и Ристески Живко, Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ
-МПЗ тврдокорни, делегација
-христијанско братство, делегација
-Средбата со телеграма ја поздравија, Обединети Македонци од Канада.
 
1deca1 2
 
Средбата ја поздравија:Ташко Јованов, претседател на Здружението Форум за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија-Скопје, -Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, Трпески Љупчо од Унијата на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ и Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија.
 
Програмата ја водеше: Александар Ѓорѓиев
 
Гости на програмата беа:Соња Каранџулоска, актер и Ристана Рина Николова, музички педагог и интерпретатор како и поетесата Маја петковска.
 
ПОЧИТУВАНИ ПРИСУТНИ ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ВАШЕТО ПРИСУСТВО И МОЖНОСТА ЗАЕДНО СО ВАС ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ НА ГОЛГОТАТА НИЗ КОЈА ПОМИНАА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ, НАСИЛНО ПРОТЕРАНИТЕ И ЖРТВИ ОД ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА 1946-1949 ГОДИНА ДЕНЕС СМЕ ТУКА ВО СЕЌАВАЊЕ НА ДЕНОТ НА РАЗДЕЛЕНИТЕ!!!
 
ПРВАТА СВЕТСКА СРЕДБА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА СЕ ОДРЖА ВО СКОПЈЕ 1988-та година од 30ти јуни до 03јули
Како и секогаш првата инцијатива дојде од Торонто
 
На една од средбите на децата бегалци во Торонто, Елена Панџаровска даде предлог да се организира светска средба на децата бегалци. Идејата е прифатена од браќата Ване и Ѓорѓи Плуковски. Исто така беше запознаен и генералниот конзул во Торонто Петар Толев.Така во далечната 1984 во станот на Васко Панџаровски на состанокот кој се одржа Одборот на децата бегалци ја одобри идејата во 1988 година да се одржи првата Светска средба на некогашните деца - бегалци од егејскиот дел на Македонија и тоа симболично на 40-годишнината од егзодусот која се паѓаше во 1988 година.
 
Во јули 1984 од Канада дојде поголема група на деца-бегалци во Скопје кај своите роднини па за време на нивниот престој беше организирана средба во Секретаријатот за односи со странство при Владата на СРМ каде се образложи иницијативата, како и програмата за работа.
 
Сличен состанок беше организиран и во Матицата на иселениците на Македонија и иницијативата доби целосна поддршка и беше организиран иницијативен одбор а се настојуваше да бидат застапени деца од сите земји каде што престојуваа во раното детство на егзодусот.
 
Манифестацијата во основа имаше хуманитарен карактер и се задржа во тие рамки а некои од слоганите кои тогаш провејуваа беа: За свет без војни, омраза и дискриминација, Прогонувани, асимилирани но неодродени, Сите како еден...
 
Во тоа време Средбата му покажа на светот дека благодарение на Република Македонија ние денес можеме официјално да си ги побараме нашите човечки и национални права. Овој пасос кој беше напишан и во билтенот кој беше издаден 1993-та година по повод одржувањето на средбата ќе ви го прочитам за сами да направите споредба за улогата на Владите на нашите два соседи:
 
„Ми се чини дека само Вашата Влада, господине претседател Папандреу не може да го увиди тоа. Во оваа Ваша заслепеност ја имате и владата на Република Бугарија со која се натпреварувате во негирање на нашето Македонско постоење“.
НЕ БИЛО ништо поразлочно НИ ТОГАШ.
Бидејќи Македонците беа разделени преку граници и мориња го направија споменикот во Скопје во паркот на жената борец за да ги оживета годините детски и младешки. Споменикот го направија за кога ќе ги плиснат спомените, да ги вратат дома крај дедовото огниште, во ливадата и полјанката, споменикот го направија за тука да се сретнуваат сите од сите краишта каде беа раселени.
Овој споменик служеше за одбележување на јубилеи и настани...
 
1deca1 10
 
СПОМЕНИКОТ БЕШЕ ОТВОРЕН НА 1 ЈУЛИ 1988 ГОДИНА
 
Во паркот ,,Жена борец" далечната 1988 година во центарот на Скопје пред неколку илјади граѓани, деца бегалци и видни раководители од Република Македонија беше отворено спомен-обележје симболично беше претставена и посветено на мајка страдалник, со своите чеда во егзодусот на прогонетите деца од егејскиот дел на Македонија. Ова Спомен-обележје кое е изработено според идејното решение на академскиот вајар Насе Беќаровски - дете бегалец и урбанистичкото решение на Драгица Павловска-Циги, ја овековечи детската драма на едно тешко и судбоносно време, на што вечно ќе не потсетува во зеленилото на паркот, во главниот град на Македонија, како непребол, непокор и неповторливост.
 
Спомен - обележијето го откри Тина Поповска, некогашен воспитувач и учител на децата бегалци. Во оваа пригода Поповска меѓу другото истакна: ... Денес го откриваме Споменикот на нашето судбоносно бегство од родниот крај. Овој Споменик треба за секогаш да ја одбележи срцеломната разделба на младолетните и невини синови и ќерки од своите мајки и од своите најблиски, од дедовските домови и треба да го врежи за идните генерации тажното збогување од прекрасните егејски предели, од милите полиња и ридови, од зелените гори и планини, во кои тогаш се бореа нашите борци, нашите татковци, и нашите повозрасни брајќа и сестри, од кои повеќето коските ги оставија во непознати гробишта, врз кои сега нема никаков знак. А ние, расфрлани по домовите и прифателишта на повеќе европски земји, завиени во жал, вознемирани и неутешни, очекуваме слобода, граѓански права и национално признание.
 
Овој Споменик го подигаме за да не се заборави нашта драма, нашите непреспиени ноќи и нашите страдања, нашите солзии нашите копнежи. Тој треба да стои во овој парк, како вечна опомена за да не се повтори нашата судбина никаде во светот. Спомеников треба да ја симбололизира наштат крвава историја, но и нашата вера за поубаво утре, во која децата ќе растат и ќе се развиваат во прегратките на своите мајки, во топлината на своите родни домови, во семејна среќа и во достоинствен човечки живот, рече Тина Поповска.
Порака од собирот.
 
Како што знаете насилно е скршена плочата на овој споменик пред неколку години. Ја користиме оваа прилика да ги потсетиме надлежните од државата дека сеуште не се пронајдени сторителите на овој вандалски чин.
Ние од ова место Бараме итна санација на спомен обележјето и враќање во првобитната состојба.
 
1deca1 1
 
 
1deca1 4
 
1deca1 3
 
1deca1 5
 
1deca1 6
 
1deca1 8
 
1deca1 9
 
1deca1 12
 
1deca1 14
 
1deca1 16
 
1deca1 15
 
Александар Ѓоргијев
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.