|
||||
Мизрахи: Како што се знае дека се копаат улици пред избори, така се знае дека Заев менува став |
„Сметам дека досега не е невообичаено и нема да биде шокиран народ доколку премиерот оди на картата „реков па порекнав“ или „не мислев така“, па дури и да не дава објаснување туку само да го менува мислењето, некогаш тоа менување на мислење на ставови се случува во периодот од два часа, некогаш два дена, некогаш две недели. Меѓутоа тоа е еден континиуум што се наметна, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи за „Што не е јасно“ на Алфа. – И да не се лажеме веќе меѓу македонската јавност е очекувано Заев да го менува ставот и да го менува мислењето, и да го менува начинот на комуникација со јавноста во однос на искажување на формите кои што ги преземе во политиката во тоа каде ја води државата во иднина, рече Мизрахи. Мизрахи додаде дека како што граѓаните очекуваат дека ќе се раскопаат улиците пред локални избори, така очекуваат и да се менуваат ставовите на Заев. „Очекувам дека во овој период на предизборие 100 пати ќе го видиме Заев како стои пред македонското знаме, па како ја пее македонската химна, тоа ќе се случува во повеќе од еден наврат. Во тоа сум повеќе од сигурна“, нагласи Мизрахи. |