|
||||
За Илинден и Битола ќе има своја коњаница, ќе се приклучат и две девојки |
Петмина битолчани, од кои три машки и две девојчиња годинава ќе ја предводат Битолската коњаница која ќе биде дел од традиционалниот коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден. „Битолската коњаница ќе тргне на 26 јули од село Цапари, каде преходно ќе има црковна служба, а ќе се положи и цвеќе на Споменикот на паднатите борци од илинденскиот период и од НОБ. Одлучивме коњаницата да тргне од Цапари зашто што ова село има богата историја, таму имаат загинато 96 илинденци. Целта е да да се оддаде чест кон храбрите предци кои животите ги дале за нашата земја“, велат за Апла.мк, организаторите на коњаницата. Од Цапари ќе се упатат кон Битола. Со коњите ќе минат низ дел од големите улици, како што е Булеварот Први Мај, а планирано е да се појават и на Широк Сокак до Епинал каде фолклорен ансамбл ќе ги поздрави со македонска песна и оро. Потоа коњаниците заминуваат за Бигорски манастир, од каде заедно со Бигорската коњаница ќе го продолжат патот за славно Крушево. Таму ќе бидат дел од коњаничкото дефиле за време на Илинден. Иницијативата Битола за првпат да добие коњаница е на членови од ДПД „Архангел“ Битола. Ќе учествуваат Зоранчо Талевски, Ѓорги Стојчески, Гоце Стојчески, Јована и Симона Талевска. Агенда на движење на Коњаницата од Цапари–Битола до Крушево 2021 година 26.07.2021 Понеделник: 07:00 часот – Служба со заклетва во црквата во село Цапари, 08:30 часот – Коњаницата од Цапари тргнува кон Битола, движејки се по стариот пат, покрај селото Братиндол, 13:00 часот – Пристигнување во Битола, патеката по влегувањето во Битола: по Булевар 1-ви Мај, покрај Саат кулата и црквата Св. Димитрија, продолжувајки до Библиотеката и Хотел Епинал и завршува кај долната гимназија. 15:00 часот - Коњаницата тргнува за Бигорски Манастир, каде се среќава со Коњаницата „СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ“. 27.07.2021 вторник: 10.00 часот Бигорски Манастир: Литургија ,Благослов и Заклетва. 11.00 часот Коњаницата по благословот во Бигорскиот манастир тргнува на пат за Јанче. 12,00 часот Пристигнување во с. Јанче, коњаницата од с.Јанче патува кон с.Галичник. 13.30 часот пристигнување во с.Галичник. 15.30 часот Коњаницата од селска ливада во Галичник тргнува за бачило Салтаница. 20.00 часот Пристигнување на коњаницата во бачило Салтаница. 28.07.2021 Среда: 07.00 ч. Тргнување на коњаницата од бачило Салтаница и патува покрај бачилото Сулумуница. 11.00 часот пристигање на бачило Раштанец, по мала пауза коњаницата тргнува кон Кнежињо. 16.00 часот Пристигнување во Манастирот - Кнежино. 29.07.2021 Четврток: 08.00 часот Тргнување од Манастирот во Кнежињо кон Крушино. 10.00 часот Пристигнување во Крушино. 11.00 часот Коњаницата влегува во Кичево на раскрсница кај борова шума -Коњаницата се упатува кон црквата во Кичево..Коњаницата после благословот од црквата се упатува кон с. Врањешница. 12.00 часот Коњаницата се упатува спрема општа болница во Кичево и излага на магистрален пат за с. Србјани. Коњаницата се упатува по селскиот пат Староец. 14.30 часот коњаницата влегува во с. Врањешница во црква СВ Илија. 30.07.2021 Петок: 11.00 часот Коњаницата тргнува за пат за Цер.- По патот за сел Цер коњаницата поминува низ Турла и с.Црцко. 15.00 часот пристигнување во с Цер. 31.07.2021 Сабота: 9.00 часот Коњаницата од с.Цер по патот за Крушево поминува низ с. Пуста Река покрај С, Долно Дивјанци и покрај Арилево 14,30 часот пристигнуване на езерото во Крушево -кампот на коњаницата Бигорски Манастир патот на црешовото топче. Коњаницата СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ по дванаесети пат ќе учествува на прославата 10 дена КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА. Kоњаницата БИГОРСКИ МАНАСТИР- ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ тргнува за Крушево да им се поклони на: Гоце, Даме, Карев, Питу, Сандански, Александров, Камхи, Гемиџиите, Ченто, Брашнаров, и на илјадниците борци во револуционерното дело кое е симбол на македонскиот непокор. Исто така коњаницата БИГОРСКИ МАНАСТИР- ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ, се поклонува и на бранителите од 2001, се поклонува и на загинатите Македонски бранители во Куманово, полицајци на полициската единица за специјални задачи „Тигар“ кои ги дадоа своите животи за Македонија. Оваа година коњичкиот марш го посветуваме на уставобранителите кои невини лежат во Македонските зандани. |