Сабота, 10 Јули 2021    PDF Печати Е-пошта
КРИМИНАЛИТЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

1Djordji Ilievski 

ЃОРЃИ  ИЛИЕВСКИ-Виш просветен инспектор

КРИМИНАЛИТЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И  ЗАСПАНОСТА НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И МВР ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ВИСОКАТА КОРУПЦИЈА

Драги мои читатели, драги поддржувачи на словото на законот, еве повторно да споделам со Вас некои новитети од криминалот во високото образование, а за кои верувам дека во сите нормални држави каде што има сериозни институции овие болести одамна се излечени.

Прво, да им објаснам на оние кои тоа треба добро да го знаат. Законот за високото образовние е Уставот во рацете на македонските универзитети, на факултетите, студентите, но и на инспекторите од областа на високото образование, МВР, Јавното обвинителство на чело со Вилма Рускоска (која нешто не е присутна во јавноста во последно време со нејзините кралски шешири и кич од накит!!!). Е, во овој закон е пропишано дека професори во високото образование може да бидат следните категории: редовно вработен кадар, насловни професори (насловен доцент и насловен вонреден професор) и визитинг професори.Законодавецот тоа го пропишал затоа што имал намера да воспостави ред и да се знае кој професор колку може да биде ангажиран. Редовно избраните професори (доцент, вонреден професор, редовен професор) може да предаваат само по 4 предмети во семестар, насловните професори може да предаваат по еден предмет најмногу во семестар (или околу 30%), а визитинг професорите може да предаваат во рамките на 4 предмети на матичниот факултет и доколку имаат помалку од 4 предмети може да предаваат и на друг универзитет, но под никој услов не смеат да го надминат законскиот максимум од 4 предмети. И не можам да се изначудам на како е можно кога се е јасно дефинирано да се случуваат овие ситуации во нашето високо образование и да не се знае кој што предава и кој колку предмети предава. Еве, ќе почнам со универзитетот на Мерко во Струга, каде што не се знае кој што предава, не се објавени одлуките за избор во звања, нема табеларен преглед на професори и предмети кои ги предаваат и по колку предмети предаваат??? Па, ќе се вратам во Скопје и ќе прашам претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, каде предава, колку предмети предава, како е можно да биде избран во редовно звање иако е вработен во МВР (а согласно законот може да биде единствено избран во насловно звање, затоа што во правото на дополнителна дејност пропишана во Законот за рабонти односи не значи дека тој може дополнително да биде ангажиран како редовно вработен со 10 часа на универзитетот, туку, правото на дополнителна дејност подразбира согласност овој политичко-полициски функционер да може да биде избран единествено во насловен професор со право да предава онолку колку што е пропишано со Законот за високото образование!!!). Вакви злоупотреби неможе да се сретнат ниту во најавторитарните режими. Вицепремиере Николовски, Претседателке на Државната комисија за спречување на корупција, Обвинтелке Рускоска, зарем сте слепи при очи за овој криминал, за оваа злоупотреба на службената положба и овластување, за ова уништување на универзитетите??? Каде и да се свртам може да видам уште пострашни ситуации, како на пример оваа на ФОН универзитетот и прашувам: дали е точно дека поранешните специјални обвинтели на Катица Јанева, а сега обвинители на Вилма Рускоска: Пеливанов и Ајро магистрирале на ФОН универзитетот??? Каде се нивните магистерски трудови??? Дали платиле за магистерските студии и кога се запишале????Дали тоа се поврзува со повелкување на обвинението против Фијат Цаноски и со предметите кои во корист на ФОН универзитетот ги водеше специјалното јавно обвинителство??? Го повикувам Советот на јавни обивнители да ги испита овие ситуации, сомнежи и да им објасни на јавноста што е вистина. Ова е невидено доколку е вистинито!!! Дали постои судир на интереси, дали постои конфликт на интереси јавноста мора да знае! Одговорност и разрешување мора да има. Временскиот период  на магистрирањето мора да се утврди за да се докаже дали е тоа благодарност за сработеното во корист на ФОН универзитетот!

Кога сум на ФОН универзитетот, да ги  потсетам сите органи дека нов ректор на ФОН универзитетот е професор д-р Мирко Трипуновски, спротивно на член 187 од Законот за високо образование кој ги исполн условите за пензија со наполнати 67 година, почитуваниот професор Мирко Трипуновски, има 68 година...Незаконито е ректор. Ајде просветни инспектори за високо, вие сте на ред !!!

Како е можно проф. Снежана Ивиќ Колевска, микробиолог да предава Судска медицина и плус тоа е технички оценувач во Институтот за акредитација??? Професорке, дали може да предавате и Уставно право на Правен факултет??? Што мислат професорите од Институтот за судска медицина за оваа злоупотреба??? Обвинителке Рускоска, Вие сте на потег, ова е организиран криминал, затоа што има поврзаност помеѓу повеќе лица кои овозможиле оваа професорка да биде злоупотребена....

И да не мислат дека сум заборавил на моите поранешни колеги од Државнот просветен инспекторат и посебно претседателката на Одборот за евалуација на високото образование проф. Марина Митревска, по втор пат ги прашувам дали имаат намера да спроведат надзор во сите факултети за исполнетост на законски пропишаниот број на професори во редовен работен однос односно по 10 професори на факултет??? За ова молчење нека бидат сигурно дека еден ден кривично ќе одговараат, дотолку повеќе што овие колумни и анализи јавно се објавени и се упатени до нив.

Најитно, ја повикувам претседателката на Државната комисија за спречување на корупција да ги испита овие наводи и да им ги презентира резултатите на јавноста од истите! Најитно го повикувам јавното обвинителство по допрен глас да отвори истрага за овие и сите досега опишани злоупотреби!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.