|
||||
ВМРО-ДПМНЕ : Со концептот „Македонија за сите луѓе" ќе обезбедиме плати од 750 евра за граѓаните |
На вчерашната промоција на концептот „Македонија за сите луѓе" во Карпош, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посочи планот на партијата како да се обезбеди просечна плата за граѓаните на Република Македонија од 750 евра или 45.000 денари.
ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе промовира еден нов пристап кон решавање на економските проблеми, односно ќе понуди решенија кои ќе бидат навистина привлечни и реални за граѓаните, се со цел да го подобрат нивното секојдневние и нивниот животен стандард. Една од првичните е трговијата со криптовалутите, која што ќе им овозможи на младите луѓе побрз и поефикасен трансфер на финансии, а со тоа македонските граѓани ќе бидат директно инволвирани и запознаени со европските и светските трендови на функционирање, истакна Мицкоски.
Тимот на економисти во ВМРО-ДПМНЕ долг период разработува и концепира еден нов процес на зголемување на просечната плата во државата, односно работат докажување на теоријата за зголемување на просечната плата во државата, базирана на факти и аргументи. Концептот "Македонија за сите луѓе" е концепт кој се заснова на одредени постулати кои што се во тесна корелација со издржаните факти и точните пресметки како граѓаните да стигнат до 45.000 денари просечна плата, додаде Мицкоски.
Наместо Република Македонија да биде земја која што ќе биде лицето на криминалот и дрогата, како што Владата сака да ја претстави пред светот, ВМРО-ДПМНЕ во новата програма ќе го објасни и обзнани концептот за трговијата со криптовалути и учеството на пазар тежок половина милијарда евра. Тоа значи половина милијарда евра во буџетот, образованието, здравството, земјоделието, повисоки пензии, повисоки стипендии за студентите и задржување на младата популација тука во Македонија, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека иднината е дигитализацијата и трговијата со криптовалутите, односно вмрежување во трансакции со целиот свет и учество на најголемиот економски пазар во светот, кој е далеку поголем од многу гиганти од типот на Фејсбук. Република Македонија мора да оди кон иднината и агресивно да граби од она што се случува во модерниот свет и тоа искуство да го практикува во земјата, рече тој.
Додека Владата предводена од СДСМ на дрзок и бескрупулозен начин со европско знаменце сака да изгласа легална продажба и извоз на опојни дроги, односно овозможување богатење на неколку луѓе блиски до семејството Заеви, ВМРО-ДПМНЕ нуди реален проект и концепт кој кај граѓаните со сигурност ќе донесе над половина милијарда евра. Тоа ќе бидат пари кои граѓаните ќе ги почувствуваат во сите сфери на општеството, додава Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ во овој момент во позиција на опозиција ќе предложи закон кој ќе овозможи легална трговија на криптовалути во државата, што ќе придонесе за далеку поголемо трансферирање на средства во државата, а кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата да ја предводи Владата на Република Македонија, ќе овозможи непречено чување и трансферирање на криптовалути, заврши Мицкоски.
|