|
||||
Коњаници денес 26 јули 2021, тргнаа од с. Зубовце, с. Тумчевиште и Гостивар кон Бигорски Манастир и Крушево |
Коњаници облечени во комитска одежда денес 26 јули 2021, тргнаа од с. Зубовце, с. Тумчевиште и Гостивар кон Бигорски Манастир и Крушево, по патот по кој било пренесено првото црешово топче како поддршка на илинденските востаници. Зошто овој настан е несекојдневен? Првото“црешово топче”е изработено токму во манастирот Св.Јован Бигорски. Токму по тој терк, биле изработувани и на други места низ Македонија. Тогашниот игумен кој бил силен поддржувач на комитското движење, од двајца вешти монаси, Гаврил Русин и Гаврил Крпела побарал да направат орудие. Првите две топчиња со коњи биле пренесени преку планината копачка кичевско до Крушево, а како што стои во историските списи, од тие топчиња биле испукани првите истрели што го означиле почетокот на Илинденското востание. Подоцна, во манастирот биле изработени уште три. МАРШРУТА НА КОЊАНИЦАТА: 26.07.2021 Понеделник: од Зубовце-Тумчевиште-Гостивар 9,00ч. Посета на гробиштата во с. Зубовце. 11.00ч. Коњаницата пристигнува во с. Тумчевиште 13.00ч. Посета на гробиштата во Гостивар. 14.30ч. - Благослов на коњаниците во црквата „Св. Богородица“ во Гостивар 16,00ч. Од кај градскиот стадион во Гостивар коњаниците одат за Манастирот св. Јован Бигорски. 26.07.2021 Понеделник: oд Цапари–Битола 07:00 часот – Служба со заклетва во црквата во село Цапари, 08:30 часот – Коњаницата од Цапари тргнува кон Битола, движејки се по стариот пат, покрај селото Братиндол, 13:00 часот – Пристигнување во Битола, патеката по влегувањето во Битола: по Булевар 1-ви Мај, покрај Саат кулата и црквата Св. Димитрија, продолжувајки до Библиотеката и Хотел Епинал и завршува кај долната гимназија. 15:00 часот - Коњаницата тргнува за Бигорски Манастир, каде се среќава со Коњаницата „СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ“. 27.07.2021 вторник: 10.00 часот Бигорски Манастир: Литургија ,Благослов и Заклетва. 11.00 часот Коњаницата по благословот во Бигорскиот манастир тргнува на пат за Јанче. 12,00 часот Пристигнување во с. Јанче, коњаницата од с.Јанче патува кон с.Галичник. 13.30 часот пристигнување во с.Галичник. 15.30 часот Коњаницата од селска ливада во Галичник тргнува за бачило Салтаница. 20.00 часот Пристигнување на коњаницата во бачило Салтаница. 28.07.2021 Среда: 07.00 ч. Тргнување на коњаницата од бачило Салтаница и патува покрај бачилото Сулумуница. 11.00 часот пристигање на бачило Раштанец, по мала пауза коњаницата тргнува кон Кнежињо. 16.00 часот Пристигнување во Манастирот - Кнежино. 29.07.2021 Четврток: 08.00 часот Тргнување од Манастирот во Кнежињо кон Крушино. 10.00 часот Пристигнување во Крушино. 11.00 часот Коњаницата влегува во Кичево на раскрсница кај борова шума -Коњаницата се упатува кон црквата во Кичево..Коњаницата после благословот од црквата се упатува кон с. Врањешница. 12.00 часот Коњаницата се упатува спрема општа болница во Кичево и излага на магистрален пат за с. Србјани. Коњаницата се упатува по селскиот пат Староец. 14.30 часот коњаницата влегува во с. Врањешница во црква СВ Илија. 30.07.2021 Петок: 11.00 часот Коњаницата тргнува за пат за Цер.- По патот за сел Цер коњаницата поминува низ Турла и с.Црцко. 15.00 часот пристигнување во с Цер. 31.07.2021 Сабота: 9.00 часот Коњаницата од с.Цер по патот за Крушево поминува низ с. Пуста Река покрај С, Долно Дивјанци и покрај Арилево 14,30 часот пристигнуване на езерото во Крушево -кампот на коњаницата Бигорски Манастир патот на црешовото топче. |