Петок, 30 Јули 2021    PDF Печати Е-пошта
Засрами се Љупчо Палевски – Палчо

12231

Палчо и се‘ е можно. Предавник може да Ви биде само роднина, пријател, соборец, „истомисленик“.

Во манастирската црква св. Јован Крстител, епископот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“ и монасите во овој манастир ги благословија комитите и им посакаа среќен пат.

Во овој манастир, пред 118 години, монасите ги проектирале и изработиле две црешови топчиња и оружје кои биле однесени во Крушево, а востаниците преку нив го огласиле почетокот на Илинденското востание и се бореле против османлиите.

Монасите секогаш биле поттикнвуачи на слободарскиот и националнииот дух. Според отец Партениј од историските настани треба да повлечеме поука, историјата треба да се учи за да не ни се повторуваат многу немили настани. При тоа, треба да ја чуваме слогата и да не ја забораваме љубовта кон татковината, како што ја имале нашите претци, бидејќи татковинта е нешто свето, благородно и возвишено.

Абе Палчо, се ти смета, роден си само да правиш сплетки, да кодошиш, да омаловажуваш личности. Палчо, сокријсе во некоја дупка и седи мирен, многу семејства  ги унесреќи со станбената  афера „Тивани“,... Во оваа прилика одлучивме и не  сакаме да ги набројуваме  твоите нечесни игри, криминали, лигавења...

Засрами се Љупчо Палевски – Палчо, за вулгарните, непристојни измислици и клевети што ги напиша на твојот фејзбух профил за епископот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“ и за твојот некогашен пријател Александар Пандов, овогодишен војвода на коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“.

Засрами се Љупчо Палевски – Палчо за ширењето магла на социјалните мрежи, да се засрамат и сите оние кои  ги подржуваат твоите  измислици, без ниту еден факт бидејќи нема, без тронка совест да  навредувате и клеветите.

Се прашуваме  Кој ти дал право да вршиш раздор на македонското црковното ткиво, во пресрет на големиот македонски национален празник – Илинден, кој го очекуваме и празнуваме со голема радост и пиетитет.

Засрамисе Палчо и  имај барем малку човечко достоинство, немој да  измислуваш  лаги и да ја замајуваш македонската јавност.

Здружението на граѓани „Коњаница Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ заеднички со игуменот Партениј и со монашкото братство дванаесет години,  мошне успешно ја организира коњаницата на нивниот марш долг над 200 километри низ планинските беспаќа до славното  илинденско Крушево.

И годинава епископот Партениј, во преполнетата манстирска црква, ги благослови коњаниците и им посака здрави и живи да пристигнат на прославата во Крушево и да се вратат здрави и живи во  домовите.

Оваа коњаница се одржува и во чест на бигорските монаси кои во 1903 година, пред Илинденското востание изработија неколку црешови топчиња, со кои го огласиле почетокот на Илинденското востание.

http://www.mn.mk/aktuelno/2337-Monasite-od-Bigorski-pravele-ilindenski-topcinja

223673037 1639064729619889 7019210943192843415 n

Предраг Илиевски, Претседател на Здружението на граѓани  „Коњаница Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.