Среда, 11 Август 2021    PDF Печати Е-пошта
Расти Габер и НЕ се срами од татко ти

 

1muzej 2

Писмо од Голи Оток испишано на манжетна од кошула крие емотивна порака: СИНЕ МОЈ. Расти Габер и НЕ се срами од татко ти

Музеј Кавадарци

Писмо од Голи Оток со многу емоции, извезено на внатрешната страна на манжетната од кошула со распаран конец од затворските панталони, по 72 години стигна во Музеј Кавадарци.  Писмото го испратил политичкиот затвореник Боро Ангеловски-Ваташки.

Тој всушност извезал тајна порака за својот двомесечен син Габер. Тајното писмо било везено во август 1949 година. Музејот го доби оригиналното извезено писмо на манжетната, од неговата ќерка, д-р Олга, која живее во Пула, Хрватска.

1muzej

– Татко ми Боро Ангеловски-Ваташки е роден во село Ваташа 1919 година, а починал 1954 година,  од откажување на бубрезите,  како последица од злоставувањето во затворот на Голи Оток, кадешто бил до мај 1952 година. Ви ја испраќам оригиналната манжетна со пораката бидејќи нејзиното место е во музејот во Кавадарци. Како дел од историјата на Република Македонија, во чиешто создавање учествуваа покрај моите чичковци Наќо Ангеловски и Димката Ангелов-Габерот, така и татко ми, Боро Ангеловски-Ваташки. Манжетната ја испраќам по почитуваниот колега доктор Перо Пењушков, стои во писмото кое неодамна, исто така, го испратила доктор Олга од Пула.

Доктор Пењушков, кој ја донесе манжетната, рече дека се уште постојат траги од крв на писмото.

„Сине мој. Расти Габер и не се срами од татко ти”, му напишал Боро со конец на својот штотуку роден син. Надевајќи се дека еден ден пораката ќе биде во рацете на синот, тој му објаснил дека е свесен оти згрешил кон КПЈ и својата фамилија.

1muzej 3

– За едните станав херој, а за другите издајник. Јас сум обичен комунист и како таков погрешив. Но треба ли да лежам на земе гол и да не ме праќаат во болница – прашува Боро Ангеловски во везеното писмо. “Само желбата да видам тебе и Хриса и да ве загрлам сине, праи да живеам. Хвала ти Хрисе на скапиот дар. За Габерот. Ве сака Боро. Ц. Затвор, 21.8.1949”, пишува Ваташки на крајот од пораката која е упатена и до сопругата Христина, која живеела во Пула со ќерката Олга.

Според кажувањето  на неговата ќерка, татко и кошулата му ја дал на пријателот и сограѓанин Вано Ралев, кој бил ослободен од Голи Оток и требало да се врати во Македонија. Тие двајцата всушност си ги замениле затворските кошули, за да може Вано да ја пренесе пораката до најблиските на Боро. Според тоа што и го кажала мајка и, а и од она што го слушала од самиот Ралев кога била студентка, Вано не знаел дека манжетната била извезена и дека носи тајна порака.

– Можеби тоа е и среќна околност во тие виорни времиња, бидејќи тоа сознание за него би било кобно, знаејќи ги џелатите од Голи Оток. Кога Вано дошол во Скопје, ја дал кошулата на мајка ми. Таа зела да ја пере и видела дека се темнее манжетната. Ја распарала и ја прочитала пораката од татко ми, раскажува Олга.

Ваташки бил роден на 13 ноември 1919 година. Починал во 1954 година, кога му откажале бубрезите како последица на мачењето на Голи Оток. На злогласниот остров тој бил од мај 1949 до почетокот на 1952 година.

Боро бил еден од тројцата синови на илинденецот Ташо Ангелов. Сите тројца биле неприкосновени борци за Македонија. Според историчарот Петре Камчевски, на Голи Оток во тоа време, биле испратени дваесетина политички затвореници од Кавадаречко.

Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева, кустос советник, се заблагодари за овој вреден подарок и рече дека тој во иднина ќе им раскажува на посетителите за историјата на едно време, на оригинален и емоционален начин.

https://vecer.mk/slajder/pismo-od-goli-otok-ispishano-so-konec-na-manzhetna-od-koshula-po-72-godini-stigna-vo-muzej-kavadarci/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.