Недела, 29 Август 2021    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Ќе ја поддржиме кандидатурата на Данела Арсовска за иден градоначалник на Скопје

1Mickoski2

Мицкоски: Ќе ја поддржиме кандидатурата на Данела Арсовска за иден градоначалник на Скопје, на градот му треба способен менаџер

Почитувани претставници на медиумите,

Денес имавме седница на Извршниот и Централниот комитет каде се разговараше за носење на одлука за кандидат за градоначалник на градот Скопје.

Пред да соопштам за одлуката која беше донесена, морам да кажам неколку работи кои се значајни аспекти околу носењето на самата одлука, а кои беа земени во предвид.

Градот Скопје доживува сериозна стагнација. 4 години се промашени за развојот на главниот град. После 4 години власт на СДСМ во Скопје не се живее подобро како што беше ветувано пред 4 години.

Притоа клучните ветувања за капитални проекти кои ќе го подобрат живеењето на скопјани не се реализираат. Нема ниту еден значаен капитален проект од актуелната управа во градот кој е започнат, изграден, а потоа реализиран.

Ако оправдувањето на власта е дека имало недостаток на средства за нови капитални проекти, тогаш одговорот е дека тоа не е точно затоа што за повеќе од 4 години потрошени се 4 буџети на градот Скопје од  вредност е над 400 милиони евра. Повторувам потрошени се над 400 милиони евра, а епилогот е град кој не се развива и создава решенија за проблемите на скопјани.  Во Скопје нема недостаток на финансиски средства за проекти, во Скопје има недостаток на градоначалник и тим кои ќе работат и ќе го развиваат градот.

Наместо да се имплементираат проекти кои  градот ќе го воведат длабоко во 21 век,  имаме проблеми од 19 век.  Делови на Скопје немаат вода за пиење, имаат проблем со канализација. Партизанска се поплавува при најмал дожд. Скопје нема Луна парк, но затоа има бетон, бетон и бетон кој го загрозува квалитетот на живот. Скопје не е центар на културните збиднувања. Нема капитални проекти кои ќе ги решат клучните проблеми на градот: загадениот воздух, сообраќајниот хаос, потребата од зеленило и паркови.

Сето ова се последиците. Причините треба да ги бараме во ароганцијата на градоначалникот, неисполнетите ветувања, но и отсуството на работа.

Епилогот е создавање на апатија, резигнираност кај граѓаните. Гадење од политика, и демотивација.

Затоа на Скопје му е потребно способен и подготвен менаџер на градот, личност која ќе ги обедини најспособните и најкомпетентните за да се гарантира неговиот развој. Но исто така и влевање на сериозна надеж дека знаеме како треба да се обезбеди развојот на градот.

Скопје мора да стане град за сите луѓе. И секогаш во нашите одлуки се водиме пред се од интересот на сите граѓани. Во овој случај, имавме во предвид дека потребно е да се избере решение кое обединува, кое ќе може над партиски да обедини професионалци и компетентни луѓе и личност која е докажан професионалец во својата работа. Токму ИК на партијата, а потоа и ЦК донесе одлука да го поддржи идниот  градоначалник на Град Скопје, а тоа е Данела Арсовска.

mickoski-danela

Личност со импозантна биографија зад себе, со докажани и признаени успеси во стопанството, жена која го предводи Сојузот на стопански комори на Македонија. Работи како меѓународен експерт кој ги креира политиките за интегритет за лидерите на земјите на Г20, тоа се најсилните економии на светот. Дел во раководството на Светската федерација на комори како единствен форум кој раководи со повеќе од 12.700 стопански комори од целиот свет. Само 4 жени во светот се носители на таа функција. Прогласена за најдобар женски пример во деловниот свет за Југоисточна Европа.

Професионалци и компетентни луѓе со докажан квалитет и резултати зад себе е потребно е да ги преземат работите кои се важни за вашите животи. Затоа што времето за сите одминува.

Цврсто сум убеден дека го имаме идниот градоначалник на Скопје. Да се обединиме сите жители на Скопје околу жената која ќе го креира идниот развој на Скопје. Скопје заслужува промени, Скопје ќе се избори за промени.

Скопје заслужува силна жена за градоначалник која ќе ги штити пред се и над се интересите на градот.

Данела е личност која победува, и убеден сум дека ќе победи и во оваа трка најзначајна за скопјани и градот Скопје.

Овој град паметел подеми и падови, градители и разурнувачи. Паметни и способни луѓе, но и арогантни поединци кој ја имаат окупирано функцијата градоначалник. Имаме 4 години стагнација.

Скопје не смее да чека нови 4 години на експерименти и вложување надеж во арогантни и неспособни градоначалници и луѓе кои по 4 години мандат ќе ви велат дека само што не ги почнале ветувањата кои требале да ги започнат уште во првата година од мандатот. Ќе ветувањата не минуваат како и привидот од поставените тараби кои се единствената активност на местата каде требале да започнат да се реализираат ветените големи проекти.

Данела за градоначалник е одговорот и решението.

Донесовме значајна одлука денес, одлука со која се означува времето на промени, на нов почеток за Скопје кое ќе е на сите луѓе. Одиме на сигурна победа заедно со Данела Арсовска за Скопје.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.