|
||||
ВМРО-ДПМНЕ е партија која не ги дели граѓаните на национална, религиска или било каква друга основа |
СДСМ може да лаже колку сака, ВМРО-ДПМНЕ обединува, поделбите на народот не им поминуваатСДСМ може да лаже колку сака, ВМРО-ДПМНЕ обединува, поделбите на народот не им поминуваат. ВМРО-ДПМНЕ е партија која не ги дели граѓаните на национална, религиска или било каква друга основа. Сите се граѓани на Македонија и сите имаат исти права и обврски. СДСМ е таа која ги дели граѓаните на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Граѓани од прв ред се сите луѓе на Заев, бизнис партнерите на Вице, финансиерите на СДСМ, и една тесна клика функционери за кои не важи закон. Граѓани од втор ред се сите луѓе на Македонија кои чесно си го заработуваат својот леб, водат фирми прописно, плаќаат данок, работат за плата, сите кои ја обработуваат земјата, учителите и лекарите. Граѓани од втор ред се сите кои се обесправени пред системот, на сите на кои им се бараат врски за да добијат некоја работа пред државните органи, на сите на кои им бараат мито, тоа се луѓето кои се угнетени од овој систем. СДСМ ги подели луѓето на привилегирани и потчинети. СДСМ е сржта на поделбите. Време е да ставиме крај на поделбите. Време е за Македонија за сите луѓе. |