Четврток, 09 Септември 2021    PDF Печати Е-пошта
Локалните избори се крстопат по кој се решава за судбината на Македонија и идните генерации

1HM0809Локалните избори се крстопат по кој се решава за судбината на Македонија и идните генерации, народот одлучува во каква држава сака да живее

ВМРО-ДПМНЕ го заокружи кругот на трансформација и реформи. На сцена се кандидати за градоначалници, нови лица кои ќе бидат креатори на политиката во државата од името на ВМРО-ДПМНЕ во следните десетина година. Тоа се луѓе израснати во самостојна Македонија, со чиста мисла и надеж за да работат за својата земја. Не должат на никој пред нив и затоа нема да бидат компромисни или да се откажат од заедничкиот сон за тоа како Македонија треба да изгледа за 30 години од денеска, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот настан во Битола насловен „30 години се грижиме за Македонија“.

Претседателот Мицкоски истакна дека локалните избори се крстопат по кој се решава судбината на Македонија и идните генерации, укажувајќи дека народот е тој кој што треба да ја знае реалната слика за да одлучи какви одлуки носи.

Ова е тој крстопат по кој се решава за судбината на нашата земја и идните генерации. Затоа е важно народот кој одлучува да има јасна слика за тоа какви одлуки се носат. Драги пријатели, сакам и да се осврнам за тоа што значи патриотизам, и на потребата вистински тој да се разбере во 21 век. Патриотизам е пушката за права ама и перото на хартија. Патриотизам е и борбата за стандард и правдини. Вистински ќе напредуваме ако економски ја градиме нашата земја. Вистински ќе ја сакаме ако не молчиме. Патриотизам е да се бориме бескомромисно со криминалот и корупцијата. Патриотизам е да се бориме за повисоки плати и подобар живот. Патриотизам е да влеземе во ЕУ, и само така ќе станеме рамноправни и силни да разговараме за се’ друго што е важно за нашиот народ, само така ќе се брани Македонија и нашиот идентитет. Дури тогаш ќе ги браниме и оние кои велат дека сега е млако и треба поостро. Треба мудро и со стратегија до целта и само тогаш ќе имаме успеси, потенцираше Мицкоски.

Дали сето ова вреди?Немам никаква дилема дека вреди. И не се колебам ниту за секунда. Вреди затоа што ако не ние, нема кој друг. А ВМРО е народот, а ВМРО и народот секогаш ги воделе најтешките битки, а ние ќе ја добиеме и оваа битка заедно. Вреди заради младиот Стефан кој го сретнав неодамна, кој вели дека се вратил во својата родна Македонија, за да го прослави 8-ми Септември и ми рече дека денеска ќе биде вде во Битола. Ако е тука го поздравувам. Вреди и поради младите луѓе таму некаде кои низ градовите и селата на нашата земја кои вечерва мечтаат за подобар живот, за повеќе шанси, кои живеат во надеж која не смееме и немаме право да ја срушиме. Вреди и за работникот кој со пот печали и се надева на подобро утре. Вреди и поради нашите деца и нивната иднина, додаде Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.