Четврток, 09 Септември 2021    PDF Печати Е-пошта
Данела Арсовска: За Скопје кое обединува без поделби

1Arsovs

Данела Арсовска: За Скопје кое обединува без поделби, најдоброто следува, секој следен 8-ми Септември ќе биде поинаков за Скопје

Пред 30 години на денешен ден Македонија ја прогласи својата независност. Се исполни сонот на сите нас, но и на многу генерации пред нас! Се исполни копнежот за независна држава.

Скопје, тој ден беше центар на една силна емоција, надеж, остварен сон.

Низ овие триесет години Скопје ја делеше судбината на скопјани и на Македонија. Нашиот град имаше и повеќе и помалку убави моменти... Но, она што сите го гледаме пред сопствените очи е дека Скопје ја губи својата душа, својата функционалност, својот шарм.

Денес Скопје стагнира.

Наместо во здрава и чиста животна средина, денес скопјани живеат во загаден и нечист град. Наместо европско, паметно и напредно Скопје, се соочуваме со проблеми кои се за минатиот век. Патот до развиено и модерно Скопје не е лесен. Бара лична жртва и многу труд. Мораме да го вложиме целиот свој потенцијал за да излеземе на крај со бројните проблеми.

Ветувам напорна работа и гарантирам. брзи резултати.

Ветувам енергичност и професионален пристап, пожртвуваност и истрајност. За Скопје со двојно повеќе зеленило и паркови во секоја скопска општина. За Метропола со квалитетни сообраќајни решенија и без метеж.

За Скопје на културата, уметноста и на спортот. За Скопје како вистински паметен град кој ги следи новите технологии и животниот стил на новите генерации. За Скопје кое ја почитува традицијата и кој гледа напред кон иднината.

За Скопје кое обединува и кое подеднакво се грижи за сите негови жители, без поделби. За наше единствено Скопје.

За Скопје најдоброто следува и знам дека ќе успееме!

Секој следен осми септември ќе биде поинаков за Скопје.

Секое следно одбележување на македонската независност ќе биде повод за нова радост на нашите заеднички успеси како скопјани! Силно верувам и знам дека оваа голема цел ќе ја оствариме.

Да бидеме горди, драги сограѓани.

Нека ни е честит и вековит 8 Септември! 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.