Петок, 10 Септември 2021    PDF Печати Е-пошта
Арсовска: ќе го дадам најдоброто од себе за Скопје и за скопјани

1Copy121

Данела Арсовска кандидат за градоначалник на Скопје

Скопјани веруваат во моите компетенции и како натпартиски кандидат ќе го дадам најдоброто од себе за Скопје и за скопјани

„Пошироката јавност знае дека јас сум еден од единствените два кандидати кои успеаја сами да соберат потписи за кандидатурата и како независен натпартиски кандидат едноставно да ги повикам скопјани, сите оние кои што сметаат дека јас ги имам оние квалитети и оние компетенции кои тие сметаат дека се вистинските да го водам градот Скопје, да ми ја дадат својата поддршка. И тие својата поддршка ми ја дадоа. Воедно ги повикав сите политички субјекти во државата, сите општествени чинители и пошироко значи особено оние кои што имаа влијание во градот Скопје да ми ја дадат својата поддршка.

Поддршката како што знаете ја добив, од ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата за Албанците, Алтернатива, ја добив исто така и од голем број на организации кои се релевантни општествени чинители, меѓутоа најважно ја добив од скопјани.

Поддршката ја побарав и од симпатизерите на СДСМ и од сите оние кои што не се задоволни можеби од она што се случува, а веруваат во моите компетенци и дека како независен и натпартиски кандидат, ќе го дадам едноставно најдоброто од себе за Скопје и за скопјани“, истакна Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24.

Арсовска додаде дека не треба веќе да се стои на страна и само да се гледаат предизвиците на Скопје. На граѓаните веќе им е преку глава од политиканство. На граѓаните им е потребно здраво менаџирање на Скопје, им требаат нормални и достоинствени услови за живеење.

„Да, сум независен и да, сум натпартиски кандидат и пред се тоа фактите го говорат затоа што ниту имам членска книшка, ниту некогаш сум била припадник на било која партија. А, ќе ги застапувам сите без разлика на нивната политичка определба, без разлика на било какви други поделби кои што би сакале некои луѓе во општеството да ги направат“, нагласи Арсовска.

Арсовска посочи дека скопјани најмногу алармираат на сообраќајниот хаос, урбанистичкиот хаос, нечистотијата и загаденоста во Скопје.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.