|
||||
10 ПРАШАЊА на кои ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ немаат одговори |
10 ПРАШАЊА на кои ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ немаат одговори, нивните фотелји не се поважни од вистинатаНастрана од политиката, настрана од отсуството на морал, кој видовме дека го немаат, прашањата кои секој еден човек ги поставува и се во рамките на здравиот разум се следниве: -Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин? -Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки? -Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ? -Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита? -Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните? -Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите? -Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат? -Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството? -Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна? -Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата? Фотелјите на Зоран Заев и Филипче не се поважни од вистината. |