|
||||
Драган Богдановски е роден на 18 септември 1929г. во Клечовце, Кумановско, умира на 31.05.1998 година во Копенхаген, Данска, на пат од Шведска за Берлин |
Драган Богдановски е роден на 18 септември 1929г. во Клечовце, Кумановско, умира на 31.05.1998 година во Копенхаген, Данска, на пат од Шведска за Берлин. Во 1977 год. Драган Богдановски, како претседател на ДООМ е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на УДБА кај друг член на ДООМ. Драган бил поканет во стан на гости кај Македонец, удрен со тврд предмет по глава, онесвестен и со дипломатско возило бил пренесен во Љубљана, а подоцна во Скопје. За време на префрлањето до Југославија, Драган бил во бесвесна состојба. Со врзани очи бил одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што бил под истрага 18 месеци. Во Македонски Брод бил чуван, врзан со ланци на нозете. Судскиот процес против него бил организиран зад затворени врати, без присуство на јавност. На тој процес Драган беше осуден на 13 години. Во Идризово издржува 11 години затвор. Во 1988 година, по излегувањето од затвор извесно време живее во Скопје, а по добивањето на патна исправа заминува, прво за Берлин а потоа во Шведска. Во април 1990 година Драган Богдановски од Шведска доаѓа во Берлин. Тој не запозна за идејата, дека има подготвено програма и статут на партија која треба да се формира во Македонија. На првиот состанок во ресторанот „Ново Скопје„ во Берлин, учествуваа: Драган Богдановски, Гојко Јаковлески, Стево Доневски-мајка, Мане Јаковлески, Ванчо Механџиски-новинар, кој престојуваше на гости кај Гојко Јаковлески. На овој состанок беше цврсто договорено за формирање на партија. Драган не информираше дека има неколку луѓе во Македонија кои се подготвени, со поддршка на македонците од дијаспората, да започнат активност за формирање партија во Македонија. На средбата во Берлин исто така беше договорен начинот на финансирање на партијата. По состанокот во Берлин, Драган Богдановски и Гојко Јаковлески заминуваат на друг состанок во Минхен. На состанокот што се одржа на почетокот на јуни 1990 година во Минхен, од Македонија присуствуваа: Љупчо Георгиевски, Борис Змејковски, Владо Транталовски-татко на Дијана Транталовска. На состанокот во Минхен беше одлучено, предложеното име од страна на Драган, партијата да се вика ДПМНЕ, да се додаде и придавката ВМРО. На 17.Јуни.1990 год.се одржа Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на млади 25 мај во Скопје. На основачкото собрание во Скопје Драган неможеше да присуствува затоа што не поседуваше Југословенска патна исправа. Веднаш по доаѓањето во Берлин, по излегувањето од затворот Идризово ја искина со зборовите: „Јас нема да ја носам оваа патна исправа затоа што не е Македонска„. На Основачкото собрание во Скопје, говореше првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски. Првиот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Борис Змејковски го прочита прогласот за формирање партија. Реферат во името на емиграцијата прочита Гојко Јаковлески од Берлин. Со поздравни говори Основачкото собрание го поздравија: Стојан Ковачев од Париз, Дане Поповски од Чикаго, Душко Дојчиновски од Сиднеј, Јордан Груев од Мелбурн и Панде Мицев од ОМО „Илинден„ од Пиринска Македонија. По формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, партијата со голема брзина почна да формира комитети по сите градови низ цела Македонија. УДБА и тогаш го попречуваше ширењето на партијата во Македонија. И покрај тоа ВМРО-ДПМНЕ беше масовно прифатена од Македонските граѓани, а најмасовно од младите. УДБА правеше списоци за ликвидација на активисти и основачи на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се заплашат граѓаните, но без успех. Заканувањата на УДБА само ги охрабри луѓето повеќе да издржат во понатамошните активности. На 6 и 7 април 1991 год во Прилеп, на првиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски е избран за почесен претседател на партијата. Во септември 1991 год. во Берлин, се одржа првото советување на македонците во дијаспората. На тоа советување присуствуваа преставници од Европа, Австралија, Канада, Америка, Пиринска и Егејска Македонија. На советувањето се донесе одлука, да се формира Задграничен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. За претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше избран Драган Богдановски. На крајот на 1993год. доаѓа до разделување со Љупчо Георгиевски. Драган Богдановски умира на 31.05.1998 година во Копенхаген, Данска, на пат од Шведска за Берлин. Погребан е во присуство на фамилијата и најблиските во Куманово на 01.08.1998 год. Вечна му слава ! Македонска нација |