|
||||
ВМРО-ДПМНЕ 22 градоначалници, СДСМ 9, ДУИ 3 и 1 има ДПТМ |
На вчера одржаните избори ВМРО-ДПМНЕ победи во: Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Градсо, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Могила, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште, Ѓорче Петров и Штип. СДСМ победи: Во Дојран, Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Струмица. ДУИ во Липково, Пласница и во Сарај, додека Демократската партија на Турците во Центар Жупа. Согласно податоците од ДИК, втор круг сигурно ќе има во: Лозово, Росоман, Арачиново, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Куманово, Маврово Ростуша, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Студеничани, Старо Нагоричане, Струга, Теарце,Тетово, Чаир,Чашка,Чешиново-Облешево,Чучер Сандево, Шуто Оризари. Во Центар и Карпош се пребројани над 90 односно 99 отсто, но со оглед на распоредбата на гласовите веќе познато дека ќе има втор круг, исто како и на ниво на Град Скопје. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара граѓаните кои не гласале да се обединат во намерите да биде подобро и да гласаат во вториот круг. „Победи народот и покрај сите нерегуларности, поткупи и притисоци кои ги правеа, полицијата на Спасовски, обвинителството на Русковска, примитивизмот на Заев кои беа против нас, но со нас е народот. Шансата за нова иднина ја зема народот во раце. Ова е триумф на оние кои гласаа и оние кои не гласаа. Ова е триумф на луѓето кои заслужуваат надеж и ја добиваат. Трешти гласот на промените. Ова е чекор до финалната победа. Доста е делби, конфликти, криминал и корупција. Ова е победа на народот на Македонија. Ова е победа но ова е и одговорност. Нема да ве изневериме, нема да ве разочараме. Гарантирам за тоа што го зборам. За мене, за нас ова е обврска и одговорност. Се што зборував во кампањава паметам добро и тоа ќе направиме заеднички“, рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. |