|
||||
Арбнора Мемети: Можете да ги купите сите пратеници преку ноќ, да ги киднапирате, но не можете да ја промените и да ја киднапирате волјата на народот |
„Владата, која стана рај за криминалците и за време на која живи изгореа 14 пациенти за нивните сопартиски бизниси, вели дека работи за евроинтеграцискиот пат.
Колку актуелната власт СДСМ-ДУИ работеше за прозападна иднина во државата, говорат последните извештаи објавени неодамна. Затоа, не го лажете народот дека во владата требало да дојде нова анти-ЕУ структура, кога вие сте еден од нив.
Не глумете загрижени. Вие, единствено се загриживте за вашите столчиња и привилегии, за ништо друго.
Вие, можете да ги купите сите пратеници преку ноќ, да ги киднапирате, да им ја смените страната, но не можете да го промените и да го киндапитаре волјата на народот.
Тие ви ја испратија пораката на локалните избори, но вие продолжете да се однесувате како глуви“, напиша новинарката Арбнора Мемети на својот facebook профил.
|