|
||||
Дневникот на Драган Богдановски ги бранува водите меѓу матицата и емиграцијата |
Дневникот на Драган Богдановски ги бранува водите меѓу матицата и емиграцијата Се бројат последните денови на тажната 2021 година. Тоа се денови кога се сумираат резултатите на изминатата година. но и време кога се посакува многу здравје, среќа и бериќет во Новата 2022 гдина. Тоа се денови на љубов, денови кои не учат дека треба да се сплотиме во семејството и во државата, за да можеме да создадеме посветла иднина за македонскиот народ. После сите црни денови во земјата во текот на 2021 година, после сите изгубени животи како последица на неуспешното справување со пандемијата, потоа при пожарот во болницата Тетово и во собраќајната несреќа во Бугарија, конечно на крајот на годината не огреа малку сонце. Креаторот на општетствениот живот во последните години исполнет со национални предавства конечно заминува од власта. З. Заев си даде оставка и без збогум се изгуби од јавноста оставајќи ни свои кадри за да го продолжат Заевизмот и да го скријат криминалот и распродажбата на националните интереси која го подели народот како никогаш досега. Истовремено спроведивањето на антимакедонска политика, наводно за влез во ЕУ, доведе до бранувања на водите меѓу матицата и емиграцијата, каде што сеуште се почитува идеологијата и делото на еден од најголемите фигури во поновата македонска политичка историја и еден најпознатите македонски дисиденти Драган Богдановски (1929-1998). Богдановски како политички деец остави зад себе богат публицистички материјал за времето во кое делувал. Од него се зачувани неколку ракописи за историјата на македонскиот народ и два историографски романа. Сепак објавувањето на документи за човекот кој одигра клучна улога во формирањето на ВМРО ДПМНЕ, долго време беше табу тема за македонската историографија. Пред неколку години во редакција на д-р Марјан Иваноски и д-р Зоран Тодоровски, во земјата започна објавување на ракописната оставнина под заенички наслов „Мојата борба за Македонија“ која содржи избор на документи кои го сублимираат творештвото животот и борбата на Драган Богдановски. Неодамна и во Австралија од почитувачите на делото на овој голем македонски патриот кој ја поврзуваше матицата и емиграцијата излезе од печат изданието „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“. Тоа е уште едно дело кое го осветлува ликот и делото на Богоевски, но како што бива кај нас тоа веднаш беше изложено на реакција. Не навлегувајќи кој има право само ќе пренесеме само мал дел од рекацијата на македонската емиграција која во своја одбрана ќе потенцира дека „Дневникот“ е целосно автентичен и дека со дозвола на Драган Богоевски додека беше жив, во 1990 година, се објавени делови во „Маcedonia Weekly Herald“ од Мелбурн. Издавачите на книгата во Австралија: Ангело Вретоски, Мендо Вулкановски, Јордан Груев, Трајче Т. Трајкоски, Предраг Ивановски и други кои помогнаа во објавувањето на книгата, во реакацијата меѓу другото ќе го изнесат следното: Како прво во книгата е јасно наведено дека ова е само ДЕЛ од неговиот Дневник, што значи дека постои и друг дел или делови кои нам не ни се достапни. Понатаму, поимот „Дневник“ овде е употребен во поширока смисла на зборот (во смисла на мемоари) од аспект дека тој самиот запишувал што му се случувало за време кога бил во затвор. Имено, Драган почнал да го пишува својот дневник (мемоари) недолго по излегувањето од затвор. На 10 јуни 1990 година, тој лично му го дал првиот дел од дневникот (мемоарите) на долупотпишаниот Јордан Груев во Шведска и тоа скенирани во ПДФ формат. Тогаш Драган го известил Јордан дека вториот дел дополнително ќе им го достави откако истиот ќе го заврши. Истата година Груев го доставил делот од дневникот што го добил до Панко Стамкоски, сопственик и уредник на в. „Маcedonia Weekly Herald“ од Мелбурн. Веднаш потоа (со знаење и дозвола од Драган) истата 1990 година Панко почнал со објавување на овој материјал во форма на фељтон. Во меѓувреме Драган го доставил до Панко и вториот дел од Дневникот (мемоарите). По неколку објавени продолженија Панко предложил сето тоа да се објави како книга, а не како фељтон. Но, поради низа главно објективни околности оваа иницијатива прво се одложила, а потоа останала во мирување заради други обврски од страна на Панко. Во 2007 година Панко почина, а копија од првиот и примерок од вториот дел од Дневникот (мемоарите) на Драган останаа кај сопругата на Панко, која потоа ги продала на лице од Мелбурн, кој пак ги доставил до еден поранешен премиер. По безуспешните напори да дојдеме до вториот дел, ние долупотпишаните решивме да го објавиме само првиот дел што му беше доставен на Јордан. Значи, не е точно дека никој не знаел за постоењето на овој Дневник. Освен Груев, Стамкоски, неговата сопруга и други лица, за постоењето на овие материјали знаеја и бројните читатели на в. „Маcedonia Weekly Herald“, каде истите беа делумно објавени во продолженија. Еве еден извадок од книгата каде Драган ги опишува тортурите што ги доживеал: „...Ги собув чорапите и милиционерите ме легнаа на мевот. Притоа двајцата од нив ми седнаа на грбот. Третиот од нив ми ги превитка нозете кај колениците и триножното столче го подметна под нив, така да стапалата стоеја во хоризонтална положба врз столчето. Од првите удари со гумениот пендрек по стапалата ми севнаа искри во мозокот. Болките беа толку длабоки и остри што ми се чинело дека ме сечат на парчиња со ножови. Знам дека при првите удари извикав колку што можев: „Убијци! Фашисти! Српски џандари!“, но после од мене се слушаше слабо офкање и гргорење на човек во агонија. По моите стапала со пендрек маваше удбашкиот началник Илиевски и од време на време повторуваше: „Ќе признаеш ли да престанам да мавам“. Јас не одговарав на неговите прашања. Почувствував како од стапалата џврка топла крв. Тепањето продолжуваше и јас потонав во несвест. Ме пробуди ладната вода што ми ја истурија врз главата. Ги гледав ѕверските лица на удбашките началници како душмански ме гледаат. Милиционерите ми врзуваа синџири околу глуждовите на рацете, потоа ме кренаа на раце ме однесоа до дрвениот столб, ја завртеа рачката на механизмот и јас виснав во воздухот обесен на алките за столбот за мачењето. Испружен на синџирот со сета моја тежина и со боловите од тепањето по стапалата ми се чинеше дека моето тело пукна на илјадници парчиња. „Ќе зборуваш ли сега или нема да зборуваш?“ – ме праша Илиевски. „Се зборува со луѓе, а не со кучиња. Вие сте кучиња, а не луѓе.“ – одговорив.“ „Ќе зборуваш, ќе зборуваш, мамето твое фашистичко.“ –рече Илиевски и ми ги повлече долните гаќи и ги фрли на подот во ќелијата. Потоа со обете раце ме фати за тестисите, ги стегна колку што можеше и со сета своја тежина се обеси на нив. Крикнав од болка и паднав во некое бунило на полусвест...“ (стр. 102 - 104 од книгата). Зарем некој навистина може да верува дека УДБ-а би напишала вакво нешто за самата себе? Вакви потресни сведоштва провејуваат низ целата книга од Драган Богдановски и надвор од здравиот разум е да се тврди дека УДБ-а „напишала книга“ против самата себе... Вон секаква логика е и тврдењето дека од книгата се „стекнувало впечаток“ дека Драган бил „соработник на УДБ-а“ (!?). Само човек со бујна фантазија може да помисли такво нешто, посебно по читањето на сите измачувања низ кои поминал Драган. Што се однесува до барањето на потписниците на реакцијата книгата да биде „привремено повлечена“ (веројатно мислејќи дека тие треба да ја одобрат), таквото барање е смешно и е во спротивност со нивното декларирање дека се почитувачи на делото на Драган Богдановски. Доколку и навистина се почитувачи на неговото дело, нека објават и тие нешто корисно, наместо да се обидуваат залудно да го попречат објавувањето на оваа книга со автентични сведоштва за тортурите над Драган Богдановски, која веќе предизвикува голем интерес во јавноста.“ Во продолжение под илустрацијата има факсимил од весникот „Маcedonia Weekly Herald“ од 1990 година каде (со знаење и дозвола од Драган Богдановски) е објавено првото продолжение од неговиот Дневник. Со оглед дека во него стои опис колку било опасно на времето на Југославија да се пренесува, дистрибуира и чита „Македонска Нација“, текстот ви го пренесуваме во целост, освен таму каде не е читок: „ Во 1975 година, при една моја посета на Движењето за ослободување и обединување на Македонија во Белгија, во Брисел од бугарскиот емигрант Миле Сираков, инаку оженет за Македонка од Крива Паланка, разбрав дека Службата за државна безбедност на Југославија од Скопје подготвувала мое киднапирање и илегално префрлување од некоја западноевропска земја во Југославија. Сираков, како македонски зет, се движеше во Брисел во средината на македонските емигранти и она што го работеше емиграцијата за него не беше никаква тајна. Поради тоа, при една негова посета на Крива Паланка, бил контактиран од агентите на Службата за државна безбедност, бил одведен на разговор во Републичкиот секретаријат за внатрешни работи во Скопје, т.е. во реоубличката СДБ или УДБА како што се вика со своето старо име. Сираков бил стар познаник и соработник на УДБА, во времето на Информбирото, па како бугарски емигрант бил врбуван од СДБ и илегално, вооружен и со пропаганден материјал, бил испраќан преку границата во Бугарија, каде што собирал податоци за Југословенската разузнавачка служба. За таа своја рабпта Сираков бил убаво плаќан, а на УДБА и бил познат како човек лаком за пари. Таа најпрвин побарала од него информации за одделни македонски емигранти во Белгија и откако ги добила му понудила голема парична награда од 20.000 американски долари, или од еден милион белгиски франкови, ако тој и помогне на СДБ да ме киднапира во неговиот стан во Брисел, или во неговата летна куќа во околината на градот Нaмјур. СДБ знаела дека јас често наминувам во Брисел и дека спијам во станот или во куќата на Сираков. За таа задача Сираков бил врбуван лично од началникот на Втората секција на СДБ, чиј домен на работата е борба против т.н. „непријателска емиграција“. Началникот се викал Тошо Шкатров. „Ние знаеме – рекол Тошо Шкатров – дека при секое Драганово доаѓање во Брисел, тој спие кај тебе или во станот во градот, или пак, во куќата на село. А ти знаеш дека ние добро плаќаме. На многу лесен начин ќе заработиш 20.000 американски долари или еден милион белгиски франкови. Ќе бидеш голем идиот ако не ја прифатиш понудата!“ По извесно размислување Сираков одговорил: „Барајте од мене секаква друга услуга, но не и таа! Драган го имаме во семејството како најсакан пријател, како свој човек и јас тоа нешто не можам да му го сторам. Не можам да паднам толку ниско, па да извршам предавство на сакан пријател за пари. За таа работа барајте си некој друг човеќ“. На враќање во Белгија, Сираков ми пушти писмо дека има нешто што се работело за моја глава и ме покани што поскоро да појдам кај него во Белгија. Бидејќи патот ме водеше низ.... што има да ми каже, отколку од страв за мојата глава. При средбата во неговиот стан во Брисел Сираков во присуство на жена му и ќерка му нашироко и во детали ми раскажуваше за своите разговори со скопските удбаши, особено за нивната намера да ме киднапираат и илегално да ме префрлат во Југославија. Кога на ова место веќе го спомнав Сираков, нема да биде голема дигресија ако кажам уште нешто за овој човек. То стана еден од најактивните шпиони на СДБ во Белгија, ги шпиунираше Македонците и изведуваше провокации против нив за сметка на СДБ. Во таа работа му помагаше и ќерка му Мишел или Мичеж која при една посета на Македонија, со својата кола и пијана, врќајќи се од едно пијано оргирање во друштво на познати удбаши, прегзила дете, но удбашите ја заташкале работата, ја пуштиле да си замине за Белгија без да одговара за смртта на својата жртва. За своето служење на СДБ Миле Сираков во пролетта 1988 година доби југословенско поданство и пасош, иако е Бугарин, а не Македонец. Сега има белгиска пензија и половината од годината ја живее во Крива Паланка. Го мразам како југословенски шпион. По моето повторно емигрирање Сираков е еден од ретките мои поранешни пријатели на кои не сум им се јавил. Сепак, тој кон мене се покажа како човек и вистински пријател кои што ме предупреди за намерата на СДБ да ме киднапира. Предупредувањето од Сираков само делумно го земав за сериозна опасност.... Избегнував да спијам кај моите македонски пријатели у политички соборци, спиев најмногу по хотели и ретко кај луѓе во кои бев сигурен дека нема да ме предадат. Не си ни помислував дека СДБ може да ме киднапира и по сред бел ден, како и што ќе ми се случи. Мојата политичка активност посветена на делото за ослободување и обединување на Македонија во самостојна македонска држава беше причината за одлуката на УДБА да ме киднапира за да ја спречи мојата политичка дејност. Шесетитте и 70-тите години беа години на силен подем на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) чиј претседател и главен идеолог бев јас. Во тие години Движењето израсна во масовна македонска политичка оранизација и стана политички фактор за кој мораа да водат сметка и трите балкански држави кои ја разделуваат и поробуваат Македонија: Југославија, Грција и Бугарија. Само во Австралија беа создадени осум поткомитети на ДООМ со неколку стотина организирани членови и со повеќе илјади симпатизери. Политиката на ДООМ беше прифатена од македонската национална емиграција. Таа беше прифатенна дури и од македонските црковни општини во Австралија, кои претсвуваа најширока форма на македонското национално собирање и организирање. Црковните управи на многу македонски црковни општини преминале во рацете на членовите на ДООМ, така што македонските цркви станаа упоришта на ДООМ. Иако во врковен поглед македонмските црковни општини влегуваа во составот на Македонската православна црква и добиваа свештеници од Македонија, со црковните општини раководеа членовите на ДООМ, а не свештениците, на кои не им дозволуваа да водат политика во полза на Југославија. Македонските црковни општини со свои сопствени финансиски средства го помагаа ДООМ. Со парите од црковните општини ДООМ ја финансираше својата печатарска пропагандна дејност. За оваа знае удбашките централи во Белград и во Скопје и кроеа планови каков удар да му зададат на ДООМ за да го спречат неговото влијание среде македонската емиграција. Но, влијанието на ДООМ не се ограничуваше само врз македонската емиграција, која само во Австралија, Америка и во Канада брои повеќе од половина милион Македонци, туку тоа влијание се ширеше и среде гастарбајтерите, односно македонските печалбари во западноевтопските земји, кои со југословенскиот политички жаргон се нарекуваат „работници на привремена работа во странство“. Придобивањето на македонските печалбари за идејата на ДООМ создаваше посебна грижа на Југословенската политичка полиција СДБ, поради испрекинатите врски на печалбарите со татковината. Печалбарите патуваа на одмор во татковината, или дома кај своите семејства, и со себе илегално го пренесуваа весникот „Македонска Нација“, орган на ДООМ, летоци, книги, брошири и друг пропафанден материјал. Така идеологијата на ДООМ си го пробиваше патот и во самата татковина. Создадена во духот на татковинскиот идеал за слободна и обединета Македонија, оваа идеологија со воодушевување беше прифаќана од патриотите во Македонија. Неколкумина од пренесувачите на оваа револуционерна литература беа фатени во Македонија и беа осудени за шорење на непријателска пропаганда. Така македонските печалбари во Сојузна Република Германија Тодор Димитровски и Дончо Симјановски неа осудени на пет години затвор. И двајцата беа организирани членови на ДООМ. Но, имаше и македонски печалбари кои не беа органзирану во ДООМ, но на кои идеологијата на ДООМ им била многу привлечна, па во битките на странските весници во Германија, каде што продаваше „Македонска Нација“, купиле десетина примероци од весникот и ги ставиле во куферите. По враќањето во татковината тие го делеле весникот на своите пријатели, но биле откриени од УДБА и осудени на затвор од три до пет години. При моето доведување во затворот Идризово во 1979 година затекнав двајца македонски печалбари од Германија осудени за илегално внесување на „Македонска Нација“ во Македонија. За жал на овие жртви на југословенската „правда“ им ги знам само имињата. Едниот се викаше Трајче и беше пд Тетовско, другиот Орде или Орце беше ....“ Македонска нација |