|
||||
Оливера Јовановска-ХРИСТОС СЕ РОДИ |
ХРИСТОС СЕ РОДИ Еј внучиња мои зберете се, како цвеќиња во градина Сите наредете се, околу дедо седнете, Да слушнете дедов глас, може да е за последен пат? Историја да ви пренесам за стари времиња и настани да ви раскажам, За наши Македонски празници од душмани сочувани, за вас патоказ. Слушнете како бијат стари камбани, ечат во еден глас, Ода на радоста шират и порака јасна, слога да има меѓу сите нас, Христос се роди, Христос се роди, Христос се роди Навистина се роди, во вечен живот нас не води.
Внучиња мили Божик е денес, Голем Христијански празник за Македонскиот род Се радуваме сите на земјава и сиот небесен свод, Внучиња драги, денес свечено ќе се облечете Најблиски за рака ќе фатите, и кон црквен праг ќе се упатите, Со насмев на лице, цвеќе и свеќа во дланка Пред икони ќе се поклоните и од се срце изговорите, Христос се роди, Христос се роди, Христос се роди, Навистина се роди, во вечен живот нас не води.
Оливера Јовановска-Мелбурне |