|
||||
Зубовчани традиционално го запалија коледарскиот огин |
Зубовчани традиционално го запалија коледарскиот огин Оваа вековна традиција во Зубовце продолжува, Бадник и денес се слави, а младите Зубовчани нема да дозволат оваа долговековна традиција да згасне. Бадник се слави еден ден пред Божик и со коледарските огнови и коледарчињата се најавува Рождеството Христово - Божик. Божик се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. За време на овој празник се пали и коледарски оган, кој е поврзан со обичајот, наречен Коледица или Коледе. И денес и во минатото во селата и градовите во сите краишта во Македонија, поголеми или помали групи на луѓе палат огнови пијат греана ракија и пеат песни и се избира и кум за наредна година. Откако ќе се "загреат" сите заедно одат секој во својот дом на посна вечера со желби за берикет и плодна година. Инаку на овој ден традиционално се собира семејствотo и се пече погача со паричка и се пие греана ракија. На Божик, рано утрото почнува Богослужба во црквите. Причесната следува по службата кога искараните треба да се помират и да се поканат меѓу себе на гости. Со Божик е поврзана и поговорката, „Пред Божик, зад Божик дома да си“, што има значење дека за време на Големиот празник треба да се биде дома во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот.
Весели Божиќни празници! Христос се роди! Вистина се роди! Христос се роди! Вистина се роди! Христос се роди! Вистина се роди! |