|
||||
НОВИОТ ДИРЕКТОР НА ПАРКИНЗИ БЕШЕ ЖРТВА НА ПОЛИТИЧКИОТ ПРОГОН НА ТАЈНАТА СЛУЖБА НА СДСМ |
Љупчо Златев
Гледајќи ги нападите на медиумите кои се под директна контрола на власта и во очекување на денешната прес конференција на тоталитарната СДСМ морам да го споделам она што го знам во однос на новиот директор на ЈП Паркинзи Скопје, Бојан Христовски.
Бојан е експерт за тероризам, обучувани меѓународно, еден од ретките кои работеа во УБК и професионално се пресметуваа со заканите за земјава.
По доаѓањето на власт на СДСМ, нему му беше одземен безбедносниот сертификат под образложение дека неговиот татко Љупчо бил "десен екстремист" и претседател на "Тврдокорни". Никакво учество на 27 април не е споменато во одземањето на неговиот безбедносен сертификат и оттука станува јасно дека медиумите на СДСМ шират лажни вести.
И другите две информации во обработката зошто му е одземен сертификатот се лага. Неговиот татко ниту фигурира било како во "Тврдокорни", ниту е "десен екстремист". Единствениот грев на таткото на Бојан е што одел на протестите против промена на името. Инаку се работи за интелектуалец, човек кој е пионер на софтверското инженерство во земјава.
Јас ги објавив фалсификат документите од страна на службата со кои на Бојан му беше одземена сертификатот и пишував за класичниот прогон против него. Веднаш по објавувањето од АНБ ми поднесоа кривична и до ден денес се влечам по судови.
Пишувајќи за Бојан се запознав со него и заедно низ годиниве се влечеме по судските лавиринти, станавме и пријатели.
Добивме поддршка од Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави кои нашиот случај го оквалификуваа како политички прогон. Во меѓувреме тој доби пресуда и на управен суд со кој се поништи одлуката да не добие безбедносен сертификат. Докажа дека екипата на Виктор Димовски лажела дека неговиот татко е десен екстремист и лидер на Тврдокорни.
Во меѓувреме и покрај пресудите во негова полза, Оливер Спасовски не го прераспредели да работи на друга позиција во МВР и стоеше заглавен.
Уште кога ми соопшти дека станал директор на паркинзи му кажав дека ми е жал што наместо да се пресметува со терористички
групи, ќе се пресметува со хаосот на паркинзите. Ми кажа дека немал друг избор, затоа што во МВР е целосно маргинализиран па мора да најде друго место каде што би работел на создавање на поредок.
Му посакувам многу среќа во спроведувањето на новата функција и се надевам дека еден ден ќе се врати во службите да го работи она што најдобро го знае.
|